„Јандреев шприц“ – патент иновација на прилепски гимназијалец

Прилеп, 21 септември 2019 (МИА) – Сашо Јандрески, 16-годишен гимназијалец, ученик во втора година во прилепската гимназија „Мирче Ацев“ измисли и патентираше нов, уникатен шприц за инјектирање лекови и корисен во медицински цели. Јандрески својот изум го патентираше и го презентираше пред медицинските работници и пред јавноста синоќа во големата сала на Домот на културата „Марко Цепенков“.

Средношколецот Јандрески речиси една година со тим од три професорки кои му ја дадоа поддршката, работеше на обликувањето на прототипот кој е наречен „Јандреев шприц“ и според Јандрески ова доаѓа како прв изум во медицината кај нас по 25 години.

Објаснувајќи како функционира „Јандреевиот шприц“, Јандрески вели дека идејата се родила по волонтирањето во прилепската Итна медицинска помош и во болницата „Борка Талески, сакајќи да се спасува живот и да се заштитат здравствените работници од евентуална зараза од Хепатит Б и Ц.

-Со овој нов модел на шприц, здравствените работници целосно се заштитени од каква било зараза од Хепатит Б и Ц при давањето терапија. Заштитени се и ветеринарите, фармацевтите, лаборантите. Самиот шприц е достапен во два вида: од обична и од биоразградувачка пластика. Од тој аспект мислевме на заштитата на животната средина, па професорката по биологија Наташа Милеска Михајлоска од прилепското основно училиште „Климент Охридски“ каде учев,  со мене неуморно работеше на сите истражувања, објаснува Јандрески.

Во врска со функционирањето на шприцот, тој појаснува дека функционира на тој начин што под дејство на притисок, притисочната рачка со иглата излегува во иглената комора, под дејство на ротација се ослободува иглата, се дозира и се вбризгува.

-Шприцот е компактибилен за секаков вид терапии: дермална, епидермална, мускулна и интравенозна.По инјектирањето на лекот, иглата се повлекува и навлегува во волуменската капсула, доаѓа до блокаторот кој го блокира целиот шприц. Шприцот е само за една употреба. За шприцот дојдов на идејата волонтирајќи во Службата за итна медицинска помош и во прилепската болница „Борка Талески“ на педијатриското одделение. Идејата е да ги заштитам здравствените работници од Хепатит Б и Ц. Функционира под дејство на ротацијата на притисочната рачка. Моето мото е дека иднината е во сите нас, сите да бидеме креативни, да создадеме нешто подобро за нашата држава, за целото општество, за целиот свет, вели Јандрески.

Според него, ваков модел на шприц не постои никаде, а пред еден месец е патентиран во Заводот за заштита на индустриската сопственост.

-На идејата и на моделот на овој нов, единствен ваков шприц со тимот работевме 11 месеци, од ноември лани. Го претставуваме прототипот. Може во иднина да се додаваат механизми, да има втора верзија. Но, главно е дека сите идеи и критериуми со кои почнавме се задржани во моделот. Медицинските лица го прифатија позитивно, имаме мислење и од Министерот за здравство Венко Филипче, рече Јандрески.

На синоќешната презентација на „Јандреевиот шприц“ професорките-менторки: Стефани Видеска порфесор по македонски јазик во прилепската гимназија,  Моника Богданоска, наставник по математика, како и  Наташа Милеска Михајлоска, професор по биологија, и двете во ОУ „Климент Охридски“ каде учел гимназијалецот Сашо Јандрески, со гордост нагласија дека ова е голем пример на еден млад човек како со упорност, голема желба и ентузијазам, па и посветеност се стигнува да се направи многу, особено ако се има мотив да им се помогне на луѓето.

Според професорката Наташа Милеска Михајлоска сѐ е заслуга на ученикот Сашо, а сите му биле голема поддршка.

-Сашо е млад човек кој е многу успешен во тоа што го работи. Почетоците му беа со мене. Работевме на многу проекти и каде и да се појавеше земаше видни награди од државни натпревари. Тоа беше поттик за неговата идеја да волонтира во Итната помош, во прилепската болница. Почнувајќи од основното училиште „Климент Охридски“ кога се заинтересира за природните науки и со искуството при волонтирањето несебично помагајќи им на луѓето, сето тоа е основа за ова што го направи денес. Прво, со шприцот, почнавме како проект, но сфативме дека може да има примена. Сето беше макотрпна работа, но идејата за шприцот е целосно негова. Ние му бевме морална поддршка за да не прекинува со неговото истражување. Еве каде го доведе денеска тој труд и производот е патентиран а за откупувањето на патентот, засега не може да кажеме, но се надеваме, вели Милеска Михајлоска.

Голема поддршка Јандрески има и од градот Прилеп. Градоначалникот Илија Јованоски, поздравувајќи го неговиот изум и ентузијазам рече дека Сашо имал можност да работи во лабараториите за да го заврши своето дело.

-Овој проект е пример дека креативните начини на пренесувањето на знаењето и менторството поттикнувата на креативност. Фасцинира посветеноста во работата и во остварувањето на креативните идеи и замисли, рече Јованоски.

Сашо Јандрески напомена дека ангажирале адвокатска канцеларија за правна помош и се надева дека „Јандреевиот шприц“ ќе биде откупен и достапен за употреба.

реклама

Родителите на деца кои одат во училиште да се вратат на работа, одлучи Владата

Read more

Протести во Белград поради враќањето на полицискиот час, полицијата употреби солзавец

Read more

Како паметно да одговорите на навреда?

Read more

Витаминот Д и коронавирусот - Вистинска или залудна надеж?

Read more

Македонија

Родителите на деца кои одат во училиште да се вратат на работа, одлучи Владата

Read more

15 јули ќе биде неработен ден, нема да се одработува

Read more

COVID-19 во Македонија: Мажите почесто се заразуваат, жените почесто умираат - во Скопје најмногу смртни случаи

Read more

Минималните трошоци во јуни на едно четиричлено семејство 33.487 денари

Read more

Вести

  • play_arrow
  • filter

Протести во Белград поради враќањето на полицискиот час, полицијата употреби солзавец

Читај повеќе
  • filter

Топлес протест против Макрон во Париз

Читај повеќе
  • play_arrow

Вучиќ: Од петок полициски час, ситуацијата во Белград е алармантна

Читај повеќе

Каква е состојбата со COVID-19 во регионот?

Читај повеќе

Родителите на деца кои одат во училиште да се вратат на работа, одлучи Владата

Читај повеќе

15 јули ќе биде неработен ден, нема да се одработува

Читај повеќе
  • play_arrow

Жаир Болсонаро позитивен на COVID-19

Читај повеќе

Тетовската уметничка галерија со јавен повик до уметниците

Читај повеќе

Корона кризата ја одложи Галичка свадба

Читај повеќе