Јанев: Ниту еден бугарски војник нема да учествува во воените дејствија во Украина

Софија, 26 јануари 2022 (МИА) – Бугарскиот министер за одбрана, Стефан Јанев, на денешната вонредна седница на Националното собрание посветена на тензиите меѓу Русија и НАТО, изјави дека без одлука на парламентот или Советот на министри ниту еден бугарски војник нема да учествува во Украина, доколку во неа дојде до воени дејствија од страна на Русија.

Јанев ги предупреди сите во армијата да се подготват за одбрана на татковината, јави дописникот на МИА од Софија.

Според министерот, сите во Бугарија веруваат дека земјата е речиси на работ на драматичен конфликт на нејзина или на странска територија.

-Всушност, зборуваме за мерки кои Бугарија е во состојба да ги преземе, додаде Јанев.

Тој коментираше дека Бугарија ќе продолжи да се потпира на дипломатските напори за надминување на кризата. Според него, Бугарија повеќе не сака да биде само консумент на безбедноста, туку полноправна и полноценета членка на НАТО, поради што од владата ја бараат најдобрата опција.

-Бугарија ќе направи чекор кон развивање сопствен одбранбен потенцијал, во насока на подготовка на баталјонска борбена група на бугарски војници, под бугарска команда, користејќи ја националната командна група, што ќе биде наш официјален став, рече Јанев, додавајќи дека бугарските анализи не предвидуваат ескалација, планови за заштита на националната територија, ниту, пак, планови планираниот контингент да замине надвор од Бугарија.

Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Регион

Пленковиќ и Мицотакис се можни наследници на Фон дер Лајен

Read more

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more
 

Вести

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Читај повеќе

Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Читај повеќе

Украинците удрија на Путиновата флота - онеспособен најстариот морнарички брод во светот

Читај повеќе

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласаат дијаспората, болните и затворениците

Читај повеќе

Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош

Читај повеќе

Дожд и снег на повисоките места: ЦУК апелира на внимателност поради најавените метеоролошки промени

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Читај повеќе

Врнежливо време со температури до 17°C

Читај повеќе

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе