Јанева: Идната недела нови обвинителни акти на СЈО

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска од Охрид порача дека очекува да завршат со обвиненија, поголем дел од веќе спроведените истраги на СЈО. За некои, како што рече, ќе има запирање на истрагата и отфрлање на обвиненијата, за некои ќе се поднесе обинителен акт, но во секој случај наредната седмица ќе бидат донесени јавни обвинителни одлуки.



Јанева, која ќе држи предавање пред учесниците на Школата за природно право во Охрид, изрази уверување дека Судот ќе обрне доволно внимание на доказите на СЈО и основите врз кои тие ги поднесуваат обвиненијата, со очекување дека Судот ќе ги поддржи и потврди обвиненијата, со цел истите да најдат судска разрешница.

– Местото каде треба се вкрстат нашите аргументи со оние на одбраната е судницата, истакна Јанева.

За обвинителните акти, чие објавување е најавено пред истекот на рокот на СЈО на крајот на овој месец, Јанева појасни дека со нив се опфатени граѓани на Република Македонија, меѓу кои има и високи функционери и за други лица, добро познати на јавноста од 2008 до 2015 година.

Таа појасни дека мандатот на СЈО е четири години со право на продолжување една година за обвинителите, најавувајќи дека ќе продолжи нивната работа за обработка на сите доставени разговори од незаконското прислушување.

– Што се однесува на рокот за поднесување обвиненија, тоа е дискутабилно, се разговара на таа тема, се надевам дека ќе биде изнајдено решение во најбрз можен рок, а очекувајте дека и во наредниот период ќе отвораме истраги за други прислушувани разговори што имаат криминални материјали, рече Јанева.

За тоа колку од доставените материјали се обработени, таа појасни дека само 12 проценти од нив се напишани, некаде околу 45 отсто вкупно преслушани, додека останатиот дел од нив воопшто не се обработувани.

– Мора да разберете дека тука има прислушувани разговори на многу новинари, разговори на повеќе јазици, тоа е дел што воопшто не е започнат да се работи, на нив ќе се работи по 15 септември, рече Јанева.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во 3 општини, а Таварари и Димитриевски само кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе