Јанева: Не чувствувам вина за „Рекет“

Скопје, 20 август 2019 (МИА) – Не чувствувам вина, истакна специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по петчасовниот распит во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“.

На новинарско прашање дали очекува да биде проширена истрагата и на неа, Јанева кажа дека тоа треба да го каже обвинителката што го води случајот. Таа рече и дека не знае дали има инволиварано некој политичар.

Прашана дали е нејзиниот глас на објавената видео снимка на која на Јордан Камчев му вели дека „се ќе биде во ред“, Јанева рече дека засега не може и не смее тоа да го каже зашто во истрага не се споделуваат информации.

– Се надевам дека ќе има судење, ќе се гледаме уште, додаде шефицата на СЈО.

На прашањата дали знае каде се парите од „Рекет“ и дали Камчев е се уште осомничен, Јанева одговори: „да“.

За одземените телефони, рече дека се на анализа во Обвинителството, а за тоа дали се форматирани, изјави дека бил форматиран третиот телефон што е изгубен.

Таа не кажа зошто предложила спогодба за предметите „Империја“ и за „Поштенска банка“ и ослободување на обвинетите.

Додека одговараше на новинарските прашања, адвокатот Стеван Павлевски неколкупати ја предупреди дека не е на распит со цел да прекине со изјавите.

Павлевски кој денеска ја придружуваше Јанева во обвинителството е адвокат на Цветан Панделевски, еден од обвинетите во предметот „Империја“ на СЈО.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе