Јанева: Сите предмети од СЈО се активни и се работи по нив

Скопје, 6 март 2019 (МИА) – СЈО си го заслужи местото во институциите на државата. Покрај тоа што ќе продолжи да работи во неограничен мандат, најважно е што протокот на предметите што ги работеше досега нема да заврши со ниедно законско решение. Тоа значи дека без разлика дали ние ќе ги работиме одредените предмети или обвинителството за организиран криминал, сите предмети се активни и се работат.

Ова го изјави денеска специјалната обвинителка Катица Јанева, по потпишувањето на меморандумот за соработка за користење на Системот за собирање и обработка на статистички податоци за превенција и репресија на корупција и перење пари на кој се обратија министрите за правда, за внатрешни работи и за информатичко општество и администрација, Рената Дескоска, Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски, како и на претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

За државниот јавен обвинител Љубомир Јовески новиот закон за јавно обвинителство, во кој е инкорпорирано СЈО, содржи добри одредби кои овозможуваат натамошно функционирање и на СЈО и на ЈО.

„Сѐ она  за што не ќе може да постапува СЈО, а што ќе може да се води, ќе го преземе надлежното обвинителство, согласно кривичното дело за кое се водат постапките“, рече Јовески.

На новинарско прашање дали СЈО ќе работи без „бомбите“ во предметите како „Империја“, обвинителката Катица Јанева посочи дека од првиот момент кажала дека „бомбите“ секогаш биле проблематични, уште во моментот кога не биле признати од страна на судот како доказни средства. Нагласи дека СЈО секогаш во своите истраги и предистраги се трудело да прибави колку што може повеќе материјални докази и искази од сведоци за конкретните настани поврзани со „бомбите“.

„’Бомбите’ ги олеснуваше и појаснуваше некои работи во склоп на сите други материјални и вербални докази, но сметам дека и начинот на работа без ‘бомби’ е предизвик за специјалните јавни обвинители и ќе се потрудиме да бидеме на висина на задачата“, изјави Јанева.

Новинарите ја прашаа дали СЈО има доволно докази за случајот „попис“ за Али Ахмети и дали може наскоро да се очекува обвинение, Јанева одговори дека се работи на предметот, што сѐ уште е во истрага.

Прашана дали со новиот закон нема да се спаси некој од политичарите односно функционерите ако „бомбите“ нема да бидат докази, таа рече дека сѐ е можно.

„Може некој да се спаси, а некој може да биде плус обвинет. Но, ние во суштина сме задоволни што ни се проширува надлежноста. Не сме ограничени само на бомбите бидејќи во периодот што го анализиравме сметаме дека има и други прекршувања на Кривичниот законик. Така можеби сега во одредени предистраги ќе отвориме и многу покрупни предмети од овие што ги имаме“, појасни таа.

Прашана дали очекува СЈО да ја добие поддршката од пратениците, таа рече дека не сака да шпекулира, но, истакна, се задоволни од начинот на кој се пристапило кон донесување на законот. Посочи дека повеќето од пратениците се за законот за СЈО и изрази надеж дека довербата на граѓаните е се уште силна во СЈО.

За одлуката на Врховниот суд за случајот „Империја“ за пуштањето од куќен притвор на дел од осомничените, и дали е следен Сашо Мијалков, Јанева смета дека најважно е што СЈО има доволно докази по предметите за да се продолжат истрагите и одредени предистраги на кои се работи за овие лица.

„Можеби во иднина и во најбрз можен рок, ќе побараме по други предмети одредени мерки за определени лица“, рече таа, додавајќи оти е можно за Мијалков да побараат притвор за друг предмет ако биде пуштен за „Империја“.

Во однос на обвинувањата од страна на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски дека имало од нејзина страна уцена за одмрзнување на имотот на партијата за поддршка од пратениците за законот, Јанева информира дека имала средба со него по негова иницијатива, преку трето лице присутно таму, на која немало никакви закани и уцени. Имало неврзан разговор за критиките дека само одредени лица се предмет на истрага од страна на СЈО.

„Мислев дека е добро да се поразговара и да го замолам Мицковски да го поддржи доколку дојде до закон за СЈО со кое му се продолжува мандатот за неопределено време како дел од правосудниот систем, дека може да го разгледа тоа прашање во неговата партија за да може да изразат поддршка“, изјави Јанева.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе