Јанева во текот на мандатот зела 157.000 евра надвор од редовната плата

Скопје, 22 ноември 2019 (МИА) – Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата, покажуваат официјалните информации од базата „Отворени финансии“.

Во анализата направена од „Призма“ се наведува дека најголем дел од дополнителните 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.

-Поранешната обвинителка секој месец земала по околу 42 евра за тоа што работи надвор од местото на живеење, 400 евра за кирија и додаток за доверливост што ѝ бил исплаќан под контото „Други трансфери“. Токму овој последен бонус е модусот преку кој Јанева ги зела најголемите суми, наведува „Призма“. Тој се зголемувал во текот на мандатот од четири години – од 1.600, преку 2.200, па сѐ до 4.000 евра.

Базата покажува оти Јанева првпат ваков додаток за доверливост зела во ноември 2015, и тоа во износ од 248.000 денари, додека втор во февруари 2016, и тоа 70.000 денари. Наредните десетпати зела по 100.000, па еднаш – 40.000 и потоа уште 11 пати по 140.000. Од октомври 2017, па сѐ до јули годинава, Катица Јанева  22 пати зела по 250.000 денари или по 4.000 евра.

Додатокот за доверливост е предвиден со Законот за СЈО, а Јанева со посебна одлука лично го одредувала износот.

Додатоците за доверливост на Јанева ѝ биле исплаќани на различни датуми, некогаш по два во месецот, некогаш преку еден месец, меѓутоа таа има вкупно 46 исплати, што одговара на бројот на месеци колку што беше на чело на Специјалното јавно обвинителство.

Вакви додатоци и надоместоци добивале и другите обвинители и некои вработени во СЈО. Сумите кај нив се различни, но без исклучок се пониски од оние на Јанева, која всушност самата ги одредувала, како за себе, така и за другите. И податоците за нивните примања може да се најдат на базата „Отворени финансии“.

Министерството за финансии, завчера преку базата ги објави сите буџетски трошоци од 2010 година наваму, освен основните плати на вработените во администрацијата и затоа не може да се дојде до официјална информација за висината на личниот доход на Јанева.

Поранешната шефица на СЈО, од завчера е во домашен притвор и го чека судењето за случајот „Рекет“, во кој Обвинителството за организиран криминал ја сомничи дека заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 го рекетирале бизнисменот Орце Камчев. Според обвинението, Јанева добила 50.000 евра и мебел во вредност од 5.000 евра за да му дозволи на Камчев да се брани од слобода и да му го врати пасошот додека за него течела истрагата за „Империја“.

реклама

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе