Јаневска има решение за вишокот наставници по спојувањето паралелки

Наставниците кои ќе бидат вишок по спојувањето на учениците во паралелки од по дваесет ученици, наместо како досега во паралелки од само неколку ученици, ќе им биде дадена можност да бидат ангажирани во додатна и дополнителна настава во училиштата, но ќе им биде понудено и да се вработат во просветните институции кои кубурат со кадар.

Министерката за образование Весна Јаневска вели дека во 10 општини успешно е направена оптимизација со која малите паралелки се споени со оние во централните училишта, со цел сите учениците да добијат еднакви услови за образование, а во следниот период истото ќе се направи во уште 20 општини.

„Кога ќе направиме нормални паралелки, не паралелки од 10, 15 ученици туку ќе ги сведеме на 20 ученици, наставникот кој е вишок ќе продолжи да работи во втората половина на денот според програмата на училиштето која опфаќа многу додатни предмети, изборни, воннаставни активности, други наставни активности, работа со деца кои имаат тешкотии во учењето, работа со талентирани деца, дополнителна настава, додатна настава, општествено корисни работи. Идејата е дека целиот пул а наставници треба да го искористиме за учениците да постигнат подобри знаења. Дополнително, познато е дека одредени институции во државата се со слаби човечки капацитети. Јас ќе ги набројам Бирото за развој на образованието,  Државниот просветен инспекторат, Државниот испитен центар и Центарот за средно стручно образование имаат потреба од искусни, сериозни луѓе. Откога ќе направиме мали измени во законите, ќе им понудиме на наставниците да се префрлат во овие институции за да можат да дадат свој импакт во образованието“, рече денес министерката Јаневска.

Со спојувањето на паралелките министерката Јаневска смета дека учениците ќе добијат подобри услови за учење, ќе имаат поголем број различни наставници, ќе се социјализираат со врсници, а во исто време ќе се намалат трошоците за одржување на училиштата. Очекува резултатите што ќе ги постигнуваат да бидат исти со оние што ги постигнуваат учениците во Европската Унија.

 Македонските ученици учат 900 часови помалку од просекот, вели претставничката на УНИЦЕФ

Лесли Милер, претставничка на УНИЦЕФ, кој е партнер во спроведувањето на проектот за оптимизација на училиштата, вели дека има повеќе причини за слабите резултати на македонските ученици.

„Како што сите знаете во Северна Македонија има криза во учењето со слаби резултати на учениците според последното ПИСА оценување, односно над  две третини од учениците имаат слаби резултати во читање, математика и во науки. Има многу причини за ова. Една од важните причини е тоа што учениците поминуваат малку часови во  учење. Во основните училишта овде учениците имаат 900 часови помалку учење отколку ОЕЦД просекот“, рече Милер и нагласи дека реформи се неопходни и поради тоа што образовниот систем не го следи темпото на демографските промени.

Целта на реформите е да се подобри квалитетот на образованието подеднакво и за оние во урбаните средини, но и за оние ученици од руралните средини кои имаат само еден или двајца соученици.

реклама

Лето 2025: Топ 5 најевтини места за одмор за македонските туристи

Read more

Што е најевтино за возење: Електричен автомобил, бензинец или дизелаш?

Read more

Ретрограден Плутон ќе им го смени животот на четири хороскопски знаци

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Read more

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Read more

Мицкоски најави инвестициски бум: Ќе се инвестира во здравството, енергетиката и железницата

Read more

Обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување, најави УХРМ

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова: Потребни се гаранции за македонската евроинтеграција

Читај повеќе

Филипче: Не можам да најдам разумно објаснување зошто ВМРО-ДПМНЕ не го поддржа законот за помош за настраданите од Кочани

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Русите ја склопија „Франкенштајн“ ракетата на Путин?

Читај повеќе

Значителен пад на нелегалните влегувања во ЕУ преку Западен Балкан

Читај повеќе

Жена од Кичево физички нападната од сопругот и синот

Читај повеќе

Пушки, пиштол и муниција пронајдени во Демирхисарско

Читај повеќе

Скопјанец нападнат во Аеродром поради недоразбирање во сообраќајот

Читај повеќе

Дали Макрон ќе распореди нуклеарно оружје низ Европа?

Читај повеќе

Трамп: Сакам договор со Иран, но мора да престанат да го спонзорираат тероризмот

Читај повеќе