Јанша: Нема нон-пејпер за прекројување на БиХ

Членот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ телефонски разговараше со словенечкиот премиер Јанез Јанша, кој го информирал дека не постои нон-пејпер што може да биде поврзан со словенечката Влада, а би вклучувал прекројување на границите, или повреда на територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина.

Јанша, кој, како што соопшти Претседателството на БиХ го иницирал телефонскиот разговор, рече дека Словенија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, како и нејзиниот евроатлантски пат, целосно почитувајќи го Дејтонскиот мировен договор.

Џаферовиќ рече дека во старт треба да се спречи секаква приказна за етнички и територијални поделби на Босна и Херцеговина, и додаде дека единствен пат за БиХ е нејзината понатамошна внатрешна реинтеграција и евроатлантска интеграција.

Според порталот Klix, тие разговарале за претседателството на Словенија со Европската унија во наредниот период, како и за претстојниот самит на Европската унија и Западен Балкан, на кој Словенија ќе биде домаќин и чија главна тема треба да биде забрзувањето на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија.

Klix потсетува дека информациите за словенечкиот нон пејпер, кој третира прекројување на границите на Западен Балкан крена голема прашина во регионот во последните денови.

Тагови
реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе