Јануарските пензии зголемени за 722 денари

Скопје, 1 февруари 2020 (МИА) – За 324.000 корисници на пензија во земјава, јануарските пензии кои ќе ги добијат овој месец, се зголемени за 722 денари. Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска на прес-конференција рече дека покачувањето се должи на стабилизација на пензискиот систем во изминатите две години, реформа со која, како што рече, се заштедени повеќе од 3,7 милијарди денари.

-Но, секако, покачувањето се базира и на приходите кои се зголемија кај работоспособното население и минималната плата која само во минатата година се зголеми за 15 отсто, а просечната плата за 5 проценти. Законски се утврди трето дополнително усогласување на пензиите во нашата држава за сите пензионери со зголемувања од пет проценти вкупно. Со ова добиваме просечната пензија оваа година да изнесува 15.500, а за две и пол години таа пораснала за 1.746 денари, рече Царовска.

Додаде дека за мерката за субвенционирање на придонесите за раст на платите Владата издвоила 2,4 милијарди денари во буџетот на МТСП наменети за пензискиот и за здравствениот фонд.

Царовска одговори дека покачувањето не е популизам пред избори туку се должи на позитивните показатели од реформата за стабилизирање на пензискиот систем. Резултатите биле видливи во јуни и тогаш, како што нагласи „далеку од изборите“, утврдиле дека по сите параметри пензионерите со новиот буџет може да добијат покачување до нивото на раст на просечната плата.

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Шаип Зенељи соопшти дека во земјава има околу 580 илјади осигуреници, а соодносот е 1,8 вработени на еден пензионер. Царовска додаде дека Фонд може да достигне нула дефицит односно да биде целосно самоодржлив само кога соодносот би бил еден пензионер на тројца вработени.Смета дека сегашниот дефицит може да се преполови и да се постигне постабилна состојба од сегашната ако понатаму се работи на придонесите и на бројот на вработени во реалниот сектор.

Претседателката на Сојузот на здруженијата на пензионерите Станка Трајкова ја поздрави одлуката и рече дека со зголемувањето се подига вредноста на просечната пензија во државата.

-Зголемувањето им оди во прилог најмногу на корисници што примаат до просечниот износ на пензија, а тоа се околу половина од вкупниот број на пензионери, рече Трајкова. Во оваа пригода таа побара и проширување на позитивната листа на лекови зашто плаќањето лекови што не се на листата негативно се одразува на пензионерскиот буџет.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Македонија

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more
 

Вести

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе