Јапонците дизајнирале перница која имитира домашно милениче кога ја галите
За сите што уживаат додека галат кучиња или мачиња, но од некоја причина ги немаат, јапонска компанија пронашла решение – округла перница со механичка опашка, која реагира при галење како вистинско домашно милениче.
Штом перницата се погали, опашката започнува да мрда. Во однос на тоа како ќе галите, таа се поместува во различен правец и променлива брзина.
Овој изум се очекува да чини 100 долари и да се појави во продажба од 2018 година.