Уникатни луѓе

Јапонците ги исчистија трибините и по победата над Германија

Навивачите од Јапонија се посебна категорија на луѓе. Толку се вредни што уште по првиот меч на Светското првенство меѓу Катар и Еквадор останаа и го исчистија ѓубрето оставено од навивачите.

Овие луѓе се навикнати на ред и дисциплина и истото го направија во Доха, иако тогаш не играше нивната репрезентација. За повеќето присутни тоа беше несекојдневна глетка, па ги снимија додека чистеа.

Групата јапонски навивачи објасни зошто го прават тоа.

„Ние Јапонците никогаш не оставаме ѓубре зад себе. Го почитуваме местото во кое престојуваме“, објаснија тие.

URL

Снимките од вредните Јапонци предизвикаа низа позитивни реакции и коментари на социјалните мрежи. Уште од порано Јапонците стекнаа репутација на најдобри гости на меѓународните натпревари. Секогаш чистат зад себе, но и зад останатите. Исто вака се однесуваа и во Русија во 2018 година, како и сега во Катар. Нивниот пример треба да го следат и останатите навивачи, но тоа сепак е прашање на култура.

Remote video URL

Затоа не е изненадување што Јапонците ги чистеа трибините и по победата на Јапонија над Германија, на четвртиот ден на Мундијалот. Германците беа поразени со резултат од 1:2 и беа шокирани од играта на противникот.

URL
Тагови
реклама

Падна нов договор за цената на руската нафта

Read more

Експерименталната вакцина против ХИВ е успешна кај 97% од испитаниците

Read more

Нефудбалските моменти меѓу Србија и Швајцарија: Провокации на сите страни

Read more

Бојата на столицата може да открие дали имате висок холестерол

Read more

Фудбал

Шок за Бразил: Крај на Мундијалот за двајца репрезентативци

Read more

Моментот кога ни судијата не сака, ама мора да додели црвен картон

Read more

Нефудбалските моменти меѓу Србија и Швајцарија: Провокации на сите страни

Read more

Познати двојките од осминафиналето на Мундијалот во Катар

Read more
 

Спорт

Шок за Бразил: Крај на Мундијалот за двајца репрезентативци

Читај повеќе

Моментот кога ни судијата не сака, ама мора да додели црвен картон

Читај повеќе
  • play_arrow

Нефудбалските моменти меѓу Србија и Швајцарија: Провокации на сите страни

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн го престигна Меџик Џонсон во победата на Лејкерс

Читај повеќе

Познати двојките од осминафиналето на Мундијалот во Катар

Читај повеќе

УЕФА почна истрага против Јувентус

Читај повеќе

Германците во шок: Ова е срамота и целосна катастрофа

Читај повеќе

Најтажната фотографија од СП во Катар

Читај повеќе

Како изгледаше најлудата група во историјата на Светските првенства?

Читај повеќе