Јапонците го испратија првиот дрвен сателит во вселената

Станува збор за сателитот LignoSat кој името го добил од латинскиот збор за дрво. Развиен е од Универзитетот во Кјото во соработка со Sumitomo Forestry и беше дел од мисијата на SpaceX на Меѓународната вселенска станица (МВС).

Сателитот е тест за издржливоста на дрвото во суровите услови кои владеат во вселената, а доколку се покаже успешен, научниците имаат намера да направат повеќе дрвени структури и да ги лансираат во вселената.

„Со помош на дрво, материјал што можеме сами да го произведеме, ќе градиме куќи и ќе живееме и работиме во вселената засекогаш“, рече Тако Дои, астронаут поврзан со Универзитетот во Кјото. Ова е прв чекор во 50-годишниот план, кој вклучува садење дрвја и изградба на дрвена куќа на Месечината, па дури и на Марс.

„На почетокот на 1900-тите, авионите беа направени од дрво. Дрвен сателит треба да биде изводлив“, вели професорот Коџи Мурата.

Оние кои се противат на идејата за дрвени структури во вселената треба да разгледаат некои од предностите. Материјалот всушност треба да биде поиздржлив во вселената отколку на Земјата, бидејќи бескрајната празнина нема вода или кислород. Нема ништо што предизвикува гниење и тешко дека ќе се запали. Исто така, дрвото дури нуди прилично пристојна заштита од радијација.

Друга причина е поврзана со сите други сателити во орбитата. Земјата моментално е опкружена со повеќе од 3.000 сателити, а има и различен отпад поврзан со нив. Дрвените сателити на крајот би паднале на Земјата, односно би изгореле при влегувањето во нејзината атмосфера.

Металните сателити генерално исто така согоруваат, но не пред да создадат штетни честички од алуминиум оксид. Во моментов нема план како да се справиме со зголеменото количество вселенски отпад што ја затрупува планетата, така што дрвените сателити би можеле да помогнат. Дои предвидува сценарио во кое „металните сателити би можеле да бидат забранети во иднина“.

реклама

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Почнува хаос: Нема струја во Шпанија, Португалија и Франција

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Голем финансиски хороскоп за месец мај

Read more

Вести

Apple планира драстични промени за јубилејниот iPhone

Read more

Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Read more

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Read more

Google Earth од XV век: Приказна за монахот кој го мапирал светот

Read more
 

Гик

Apple планира драстични промени за јубилејниот iPhone

Читај повеќе

Зошто сите руски космонаути мочаат на гума од автобус пред да полетаат во вселената?

Читај повеќе

Вештачката интелигенција лаже за тоа како размислува

Читај повеќе

Побиена теоријата за потеклото на водата на Земјата

Читај повеќе

Google Earth од XV век: Приказна за монахот кој го мапирал светот

Читај повеќе

Razer го претстави својот прв вертикален глушец

Читај повеќе

Кина размислува за изградба на нуклеарен центар на Месечината

Читај повеќе

Strava сега може да го предвиди финишот на трката

Читај повеќе
  • filter

OnePlus го претстави паметниот телефон 13T

Читај повеќе