Јапонците повторно воодушевуваат: Работничка чисти куфери на аеродром
Снимка од еден јапонски аеродром предизвика големо внимание кај јавноста ширум светот, бидејќи сцената во која работничка на аеродром чисти куфери, е во голем контраст со бројните примери за немарно ракување со багаж, кои инаку се повторуваат.
На снимката се гледа како работничка на аеродром со крпа внимателно чисти куфери, кои пристигнуваат на лентата пред патниците да си ги соберат.
После оваа снимка се појавија бројни коментари, според кои е многу интересно да се види како некој внимателно си ја врши својата работа, во однос на бројните снимки од лошата пракса со ракување на багаж ширум светот.