Јапонија го тестира супербрзиот воз со максимална брзина од 400 км/ч

Во Јапонија вчера започна тестирањето на новата генерација супербрзи возови (возови-куршуми), модел кој го носи името Alfa-X. Возот ќе го произведуваат компаниите Kawasaki Heavy Industries и Hitachi, а тој може да достигне максимална брзина од 400 км/ч.

Иако Alfa-X може да вози и побрзо, сепак поради безбедноста на патниците се очекува дека тој ќе сообраќа со брзина од 360 км/ч кога конечно ќе биде пуштен во служба во 2030 година. Но, пред да се случи тоа, тој ќе мора да помине серија од тестови на пругата која ги спојува градовите Аомори и Сендаи.

За подобро да се справува со големите брзини, возот има аеродинамичен нос долг 22 метри, кој е дизајниран така што го минимизира притисокот и ја намалува количината на бучава која ја креира возот при возењето, а посебно кога поминува низ тунели. Покрај стандардниот нос, ќе биде тестиран и нос од 16 метри.

Alfa-X ќе стане најбрзиот воз-куршум на светот кога ќе се појави во 2030 година, но нема да го добие приматот на најбрз воз на светот. Таа титула во моментов му припаѓа на шангајскиот магнетен воз, кој користи магнети за да лебди над шините и така не креира притисок и нема забавување од триењето со површината. Неговата максимална брзина изнесува 431 км/ч, а тој ќе биде пуштен во употреба во 2027 година.

реклама

Порнографски видеа и фотографии со девојки и жени од Гевгелија препраќани на социјалните мрежи

Read more

Во забавена снимка: Како делуваат различните маски за заштита од COVID-19?

Read more

Како би ја опишале Македонска Пошта во една фотографија?

Read more

Грците се плашат од увезени случаи на COVID-19 од кратки посети во С. Македонија

Read more

Живот

Среќен роденден, Никола Тесла

Read more

Што сѐ ги нервира вашите колеги кај вас?

Read more

Запалена статуата на Меланија Трамп во Словенија

Read more

Како ќе патуваме со авион во ковид иднината?

Read more

Магазин

  • play_arrow

Во забавена снимка: Како делуваат различните маски за заштита од COVID-19?

Читај повеќе

Вирална дилема: Која зебра гледа во камерата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Хумус на турски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

Да ти нацртам: Што значи безбедна дистанца од 2 метра?

Читај повеќе

Како би ја опишале Македонска Пошта во една фотографија?

Читај повеќе
  • play_arrow

На плажите низ Флорида шета Смртта: Само ве потсетувам на вирусот

Читај повеќе
  • filter

Среќен роденден, Никола Тесла

Читај повеќе
  • play_arrow

Како заштитната маска да биде уште побезбедна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Германски виролог: Ќе има и трет бран, мора да научиме да живееме со вирусот

Читај повеќе