Свет

Јапонија: Пожарот во кој загинаа 33 лица бил подметнат поради одмазда за украдена идеја

19. јули 2019 - 8:27 | МИА/КАЈГАНА

Лицето кое го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, во кој загинаа најмалку 33 лица, рече дека го сторил тоа од одмазда.

Според 41-годишниот човек, студиото му украло идејата за проект, соопшти полицијата и додаде дека во моментов сѐ уште се разјаснуваат околностите за инцидентот.

Пожарот избувна вчера околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн“, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.

Коментирај