КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2026 КАНАДА/САД/МЕКСИКО

Јапонија прва обезбеди пласман на Мундијалот 2026

Макфакс/Кајгана
/ 20.03.2025 / 15:04

Уште непочнати квалификациите на Стариот континент, а репрезентација на Јапонија официјално се пласираше на Светското првенство следната година, откако ја оправда улогата на фаворит на домашен терен со победата над Бахреин од 2:0.

Уште пред денешната пресметка во Саитама се знаеше дека „Самураите“ се блиску до осмото последователно учество на планетарниот собир, а сите дилеми беа решени со очекуваната победа.

Јунак на јапонскиот триумф беше првотимецот на Реал Сосиедад, Такефуса Кубо, кој најпрвин му асистираше на Даичи Камада во 66. минута за водство од 1:0, а потоа ја удвои предноста за конечни 2:0 на три минути до крајот на натпреварот. Кубе беше прогласен и за играч на натпреварот.

На три кола пред крајот на третата фаза од азиските квалификации, Јапонија ги реши сите дилеми околу квалификациите за Мундијалот, бидејќи нема теоретски шанси да падне под второто место.

Табела:

Да потсетиме дека Јапонците својот најголем успех го постигнаа со пласманот во осминафиналето на Светското првенство во 4 наврати, и тоа во 2002, 2010, 2018 и 2022 година. На Мундијалите учествуваат без прекин од 1998 во Франција, кога дебитираа.

Јапонија е четвртата репрезентација учесник на Мундијалот 2026, откако претходно беа познати само кодомаќините Канада, САД и Мексико.

реклама

Колку пати неделно треба да имате секс за да спречите депресија?

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Mercedes-Benz од 2026 година ќе започне со производство на автомобил со drive-by-wire систем

Read more

Зошто папата Франциск цело време одбиваше да ја посети Шпанија?

Read more

Фудбал

Атлетиката го пресели Вардар од Националната арена

Read more

Крај на една ера – Џејми Варди ќе го напушти Лестер

Read more

Фабио Капело: Ароганцијата на Инѕаги го уби Интер против Милан

Read more

Анчелоти полуде по потегот на Ендрик: Ова не е циркуски клуб

Read more
 

Спорт

ТиЏеј Шортс одбил 2,5 милиони евра од Барселона

Читај повеќе

Цибона сака да ја напушти АБА лигата

Читај повеќе

Атлетиката го пресели Вардар од Националната арена

Читај повеќе
  • play_arrow

Крај на една ера – Џејми Варди ќе го напушти Лестер

Читај повеќе
  • play_arrow

Фабио Капело: Ароганцијата на Инѕаги го уби Интер против Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Анчелоти полуде по потегот на Ендрик: Ова не е циркуски клуб

Читај повеќе

Јокиќ остана со празни раце

Читај повеќе

Вардар со службен резултат ја доби Воска, четири високи казни за инцидентите по мечот Струга - Гостивар

Читај повеќе

Модриќ доби 30-дневен договор со Реал

Читај повеќе