Јапонска студија ја откри најголемата мистерија на женскиот оргазам

Јапонски уролози потврдија дека „squirting“, кој некои жени го доживуваат во текот на оргазам, е всушност течност која се исфрла од бешиката. Со тоа е решена една од долготрајните мистерии на женскиот оргазам.

Жените можат да произведат повеќе видови течности во текот на сексуалниот однос. Во фазата на возбуда вагината ослободува течност која служи за подмачкување. Штом жената доживее оргазам од уретрата понекогаш може да се исфрлат две видови течности, млечна течност која се лачи во мали количини и бистра која се ослободува во големи количини.

И двете течности до неодамна беа опишани како женска ејакулација. Сепак, сега тој израз е резервиран само за млечната течност, додека наведениот „squirting“ се користи за опишување на ослободувањето бистра течност. Се смета дека околу 5% од жените во западните земји во текот на оргазмот ослободуваат и бистра течност, но досега постоеја дилеми за тоа од каде доаѓа истата.

Одговорот го имаат јапонски уролози чија студија е објавена во списанието International Journal of Urology. Потврдено е дека бистрата течност доаѓа од бешиката, но сега се отвораат нови прашања. Дали таа течност има ист состав како урината и зошто некои жени исфрлаат таква течност, а некои не?

Жените кои учествувале во студијата имале добра контрола на бешиката, што сугерира дека нивното прскање не е предизвикано од уринарна инконтиненција. Јапонските уролози забележале дека во време на оргазмот четири волонтерки во студијата доживеале и женска ејакулација и дека двете течности се помешале во уретрата.

Тагови
реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Богати до небо: Колку заработува автомобилската индустрија?

Read more

Љубов и секс

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more

Венера во Овен до 29 април: 4 хороскопски знаци ќе доживеат големи промени во љубовта

Read more

Дали го знаете правилото 7-7-7? Може да го спаси бракот!

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе