Јапонската компанија Fujifilm има лек со кој се крати лекувањето од COVID-19

Јапонската компанија Fujifilm соопшти дека нејзиниот лек авиган, веќе одобрен за тежок грип, овозможи „статистички значајно“ намалување на времето на лекување на пациентите со COVID-19.

„Од 156 пациенти вклучени во клиничкото испитување во трета фаза во Јапонија, просечното времетраење на опоравувањето е 11,9 дена за оние кои се лекуваат со авиган и 14,7 дена за оние кои се лекуваат со плацебо“, се наведува во соопштението на компанијата.

Излекувањето се одредува кога коронавирусот повеќе не е присутен на ПЦР тестови и кога другите симптоми како што е температурата се ублажени или исчезнати.

Клиничкото тестирање беше насочено кон пациенти со лесна пневмонија поврзана со COVID-19.

Испитувањата спроведени од март, сега завршени, не открија никакви нови опасности по здравјето поврзани со земање авиган, прецизира Fujifilm.

Компанијата сега ќе спроведе „детална анализа на податоците“ собрани за време на тестирањето и очекува во октомври да достави барање за комерцијално одобрување на лекот за COVID-19 во Јапонија.

Лекот авиган (фавипиравир) е дозволен од 2014 година во Јапонија, но само за третман на тешки случаи на грип кога стандардните лекови не биле ефикасни.

Авиган е контраиндициран за бремени жени, бидејќи тестови врз животни покажаа дека влијае на развојот на фетусот.

Јапонската Влада очекува многу од овој лек и побара од Fujifilm да го зголеми производството и да испорача бесплатни примероци во некои земји што го побараа.

Уште во мај, Јапонија го одобри лекот веклури (ремдесивир) на американскиот производител „Гилеад“.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе