Живот

Јапонски совети за воспитување деца: Што може да научиме од нив?

22. април 2019 - 12:54 | Б.С.Б.

Според досегашните истражувања, децата во Јапонија се меѓу најздравите во светот. Здраво дете значи и среќно дете, па можеби не е лоша идејата да научиме неколку совети од Јапонците кога станува збор за начинот на воспитување и одгледување деца.

Еве неколку важни работи што Јапонците ги прават за децата:

- Го фалат нивниот труд, не знаењето и способноста.

- Ги учат децата на почит кон постарите.

- Децата пешачат сами до училиште, повеќе од 98 проценти од децата на училиште одат пешки.

- Јапонците никогаш не им викаат на децата.

- Многу се блиски со своите деца.

- Подготовката на оброкот е страшно важна работа за јапонските мајки, тие стануваат рано за да им подготват на децата здрав оброк.

- Ги учат децата да бидат независни и сигурни во себе, од малечки ги учат да помагаат во домот и надвор од него и никако да не оставаат неред зад себе.

- Родителите никогаш не ги караат децата пред други луѓе, ниту пак им викаат пред други луѓе.

Коментирај