Свет

Јапонскиот цар ќе може да абдицира

19. мај 2017 - 11:02 | Макфакс

Јапонската влада денес го усвои законот кој на царот Акихито ќе му овозможи абдикација следната година.

Акихито со години има проблеми со здравјето и минатата година навести дека има желба да абдицира. Но, постоечките јапонски закони не предвидуваат таква можност.

Усвоениот закон е отстапка направена само за Акихито, но не и за неговите слебеници.

Се претпоставува дека Акихито би можел да абдицира во декември 2018 година, кога ќе има 85 години.

Престолот на хризантемата ќе го наследи неговиот 56 годишен син Нарухито. Јапонското царско семејство тврди дека има најдолга наследна линија на светот, која трае подолго од 2600 години.

Коментирај