Јапонскиот народњак ја отпеа и „Земјо Македонска“
Јапонскиот музичар кој е хит на YouTube со неговите верзии на македонските народни песни, денеска објави нова преработка.
„Денеска се снимив како ја пејам 'Земјо Македонска', одлична песна! Ќе ми треба некој ден за да го средам видеото“, напиша тој вчера на Twitter, а видеото сепак брзо го спреми и веќе денес го пушти во етер.
Песната, оригинално, ја имаат отпеано разни пејачки и пејачи, но најпозната е онаа на Васка Илиева.