Јапонскиот премиер го отпушти сопствениот син бидејќи правел забава во неговата резиденција

Најстариот син на јапонскиот премиер Фумио Кишида ќе се повлече од функцијата извршен секретар за политика по реакциите во јавноста бидејќи ја користел официјалната резиденција на премиерот за приватна забава.

На фотографиите објавени од неделникот Shukan Bunshun се гледа дека синот на премиерот, Шотаро, и десетина роднини позираат или лежат на симболично важните скали со црвени тепих во резиденцијата, имитирајќи групни фотографии од новоименуваниот кабинет.

На други фотографии се гледаат гостите како стојат на подиумот како да одржуваат прес-конференција.

URL

Оставката на Шотаро Кишида е удар за неговиот татко, чиј рејтинг се подобри веднаш по самитот на Г7 овој месец во Хирошима и очигледниот обид за атентат врз него за време на неговата кампања минатиот месец.

„Како секретар за политички прашања [на премиерот], неговите постапки беа несоодветни и решив да го отстранам за да преземам одговорност. Се разбира, одговорноста за назначувањето е на мене“, рече Кишида во понеделникот вечерта.

Главниот секретар на кабинетот Хироказу Мацуно претходно го опиша настанот како „несоодветен“ и вети дека ќе се погрижи резиденцијата повторно да не биде злоупотребена.

Зградата стара речиси 100 години претходно служеше како премиерска канцеларија, а беше претворена во станбени простории во 2005 година кога беше изградена нова канцеларија.

Ова не е првпат Шотаро (32) да биде критикуван за злоупотреба на службената положба. Во јануари, додека го придружуваше татка си, тој беше укорен затоа што го користел автомобилот на амбасадата за приватни патувања во Британија и Париз и оти одел да купува сувенири за членовите на кабинетот во луксузна стоковна куќа во Лондон.

реклама

Едно овошје е број еден за намалување на крвниот притисок

Read more

Решението за лошиот здив од лукот стои во фрижидерот

Read more

Зошто археолозите стравуваат да ја отворат гробницата на првиот кинески император?

Read more

Апасиев: Убиецот на Ибе Паликуќа сега има улица во Скопје

Read more

Свет

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Read more

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Read more

Во САД откриени делови од мотори за авиони без сертификат, истрага е спроведена и во Европа

Read more

Нагорно-Карабах по примирјето: Преговори без резултати и остри предупредувања до Азербејџан од ОН

Read more
 

Вести

  • filter

Чекална во Центар

Читај повеќе

Во Загреб пристигнаа налози за апсење, Грците бараат екстрадиција на уште десет навивачи

Читај повеќе

Државата им ги одзема децата на мафијашите во Италија

Читај повеќе

Полскиот премиер до Зеленски: Не ги навредувај Полјаците

Читај повеќе

Сончево време со температура до 35°C

Читај повеќе

Косово врие од лажни евро монети – уапсени и лица од Македонија

Читај повеќе

Георгиевски до Груевски: Сè што ми направи мене, сега ти го прават тебе

Читај повеќе

Бислимоски: Ако не се постави цевководот на мостот Беласица, ќе имаме ценовно цунами со парното греење

Читај повеќе

Фрлени бомби врз три куќи на српски политичари во Косово

Читај повеќе