Јапонскиот Робинзон Крусо избркан од неговиот пуст остров по 30 години

Масафуми Нагасаки, кого медиумите го нарекуваат „јапонскиот Робинзон Крусо“ и „голиот пустиник“, по 30 години беше принуден да го напушти островот Сотобанари и да се врати во цивилизација.

82-годишниот Јапонец во изминатите 30 години живееше изолиран на островот во близина на Окинава. Тој беше единствениот жител на островот и планираше да остане таму сѐ до неговата смрт.

За жал, желбата нема да му се оствари бидејќи му беше наредено да го напушти островот и да се врати во цивилизација, а тој со сите сили се обидува да пружи отпор кон властите кои наредија да се пресели.

„Си го ризикував животот за да го заштитам островот и не сакам да си заминам. Никогаш не сум бил тажен во овој рај. Овде имам сѐ што ми треба, ништо друго не барам. Сакам да умрам тука, кога ќе дојде тајфунот, да не може никој да ми помогне“, рече тој.

Сепак, локалните власти проценија дека поради неговото слабо здравје тој веќе не може сам да се грижи за себе и одлучија, наспроти неговото противење, да го преселат во најблискиот град.

Полицијата го пресели во градот Ишикаги, на 60 километри од островот и дивата природа му ја замени со четири ѕида. Неговата адаптација во цивилизација не помина баш најдобро.

Само што дојде во градот, Нагасаки се разболе од грип. Како што пишуваат медиумите, Јапонецот низ годините развил имунолошки систем и антитела за да се заштити од убоди на инсекти и други „опасности“ од природата, а не за болести што демнат во цивилизација.

Нагасаки долги години работел во забавната индутрија и во 1989 година решил да го напушти човештвото и да се пресели на островот Сотобанари. Тој живееше како пустиник и уживаше во потполна анонимност додека во 2012 година не го открија новинари на агенцијата „Ројтерс“.

„Не го правам она што ми го налага општеството, но ги почитувам правилата на природата. Не можеш да ја победиш природата, туку мора да ја слушаш. Тоа го научив кога дојдов овде и тоа е најверојатно причината зошто се снајдов и преживеав“, рече тогаш Нагасаки за „Ројтерс“.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Живот

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Read more

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе