Ново истражување покажа дека јаткастите плодови и сувото овошје може да го спречат создавањето сало на стомакот, особено кај постарите.
Истражувањето е објавено во International Journal of Environmental Research and Public Health. На него учествуваа 556 волонтери, на возраст меѓу 65 и 79 години. Тие јаделе 30 грама јаткасти плодови или сушено овошје најмалку три дена секоја недела. Истражувачите забележале дека оние кои не ја јаделе препорачаната количина од овие закуски имале 19 отсто поголема преваленца на абдоминална дебелина.
„Оревите се богати со калории и здрави незаситени масти. Освен што ќе ви помогнат да изгубите тежина, тие ќе ви помогнат и да се чувствувате посити во текот на денот", вели нутриционистот Габи Вака-Флорес.
Сувото овошје има големо количество влакна, кои исто така ќе ве одржуваат сити подолго време. Вака-Флорес верува дека возрасните треба да јадат 28 грама јаткасти плодови или суво овошје секој ден. Можете да комбинирате суво и свежо овошје. Сепак, треба да бидете свесни за еден факт.
„Некои јаткасти плодови се посолуваат за подобар вкус. Конзумирањето на храна која содржи премногу сол може да има негативни ефекти врз срцето", објаснува нутриционистот.