Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Сојузот за младинска работа (СМР) со особена чест и гордост го објавува јавниот повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска-Трајкоска“ за постдипломски академски студии по младинска работа.

Оваа стипендија е востановена во чест на Билјана Василевска Трајкоска, истакната активистка и лидерка во областа на младинската работа, која со својата визија, посветеност и енергија даде значаен придонес во развојот и професионализацијата на младинската работа во нашата држава.

Стипендијата е наменета за сите заинтересирани лица кои планираат да се запишат на постдипломските студии по младинска работа на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и ги исполнуваат критериумите за упис на оваа студиска програма.

Заинтересираните кандидати треба да ја достават потребната документација најдоцна до 10 февруари 2025 година, до 23:59 часот.

Детални информации за условите за аплицирање, потребната документација и процесот на селекција се достапни на официјалната веб-страница на СМР на следниот линк:

🔗 https://smr.org.mk/2025/01/31/јавен-повик-за-доделување-на-стипендии/

Ги повикуваме претставниците на медиумите да ја споделат оваа информација и да придонесат кон навремено информирање на потенцијалните кандидати за оваа значајна можност.

Сојузот за младинска работа останува посветен на унапредување и развој на младинската работа во Република Македонија.

реклама

Култура

18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

18 јануари 1862, починал Константин Миладинов

Read more

„Као какао“ – прв македонски мјузикл инспириран од музиката на Влатко Стефановски

Read more

Македонскиот народен театар со разнолик репертоар: Од сценски спектакл, преку драми, до стендап

Read more

Објавена книгата Семантиката на македонскиот роман на преминот од ХХ во XXI век од Марина Димитриева-Ѓорѓиевска

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Читај повеќе

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Читај повеќе
  • play_arrow

Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Читај повеќе

Двајца малолетници нападнати од насилници со фантомки кај стадионот Борис Трајковски

Читај повеќе

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Читај повеќе

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје

Читај повеќе

Левица: ВМРО-ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Читај повеќе

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Читај повеќе

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид

Читај повеќе