Јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за дијаспората за изборите на 12 април

Државната изборна комисија (ДИК) објави јавен повик за пријава и увид во Избирачкиот список за гласање во странство за предвремените избори за пратеници во Собранието.

Во повикот, нашите државјани кои се на привремена работа или престој во соодветната држава се информираат дека на 12 април ќе се одржат предвремени избори и дека гласањето во ДКП-та и конзуларните канцеларии ќе се одржи на 11 април.

ДИК ги повикува македонските државјани кои сакаат да го остварат своето гласачко право да извршат увид во посебните изводи од Избирачкиот список во просториите на ДКП на Република Северна Македонија во периодот од 26 февруари до 11 март. При увидот треба да се идентификуваат пред надлежното лице со важечка патна исправа или со важечка лична карта издадена од надлежен орган на Република Северна Македонија. Увидот може да се изврши и преку веб-страницата на ДИК.

Барањата за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список за време на јавниот увид се поднесуваат преку апликацијата со лична електронска пошта до ДИК во периодот од 26 февруари до 11 март.

Нашинците во дијаспората кои сакаат да гласаат на предвремените парламентарни избори пријавувањето за гласање треба да го извршат во периодот од 16 февраури до 11 март, а пријавата за гласање своерачно потпишана се доставува до ДКП-та односно конзуларните канцеларии на РСМ во државата каде што престојуваат и живеат или се испраќа преку веб апликацијата поставена на интернет страницата на ДИК. Ова се однесува на државјаните на РСМ кои се на привремен престој во странство повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во странство повеќе од една година.

Државјаните на РСМ, кои претходно го имаат пријавено пред надлежен орган својот привремен престој или привремена работа во странство, односно државјаните за кои МВР има евиденција дека се на привремен престој или привремена работа во странство, поднесуваат само пријава.

Нашите државјани, кои претходно не го пријавиле својот привремен престој во странство или привремена работа пред надлежен орган во земјава, односно државјаните за кои МВР нема евиденција дека се на привремен престој или привремена работа во странство, задолжително доставуваат скенирана копија од документи како доказ за престој во странство и тоа документ/потврда или копија од документот за докажување на привремен престој во странство повеќе од три месеци или за привремена работа или престој во странство повеќе од една година или дозвола за престој или работа во странство, издадена од надлежен орган од соодветната држава или копија од дозволата за престој или работа во странство.

Право на глас имаат сите македонски државјани, кои имаат пријавено последно живеалиште во Република Северна Македонија, а на денот на гласањето привремено престојуваат во странство, повеќе од три месеци или се на привремена работа или престој во соодветната држава, повеќе од една година, согласно евиденцијата од надлежен орган, а кои од 16 февруари до 11 март 2020 година, доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од избирачкиот список.

На предвремените избори за пратеници во Собрането, можат да гласаат само државјаните на Северна Македонија кои се на привремена работа или престој во странство, а кои доставиле пријава за гласање и се запишани во посебните изводи од Избирачкиот список. Сите останати државјани, кои имаат избирачко право, а не поднеле пријава за гласање, ќе бидат запишани во изводите од Избирачкиот список за гласање, согласно нивното пријавено последно живеалиште во Северна Македонија.

Гласањето ќе се одржи во сабота, на 11 април 2020 година во период од 7.00 до 19.00 часот во просториите на дипломатско-конзуларните претставништва односно конзуларните канцеларии на Република Северна Македонија.

Официјалниот повик од ДИК е достапен и во PDF верзија.

На претседателските избори лани во дијаспората гласаа само 827 гласачи.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Read more
 

Вести

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе

Муцунски: Вчера се случи почетокот на крајот на власта на СДС и ДУИ

Читај повеќе
  • play_arrow

Москва: Американското нуклеарно оружје во Полска ќе биде примарна цел

Читај повеќе

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе