Johnson & Johnson ја одложува употребата на вакцината во Европа

Американската компанија Johnson & Johnson денеска соопшти дека ја одложува употребата на својата вакцина против коронавирусот во Европа, додека во САД се спроведува истрага за поврзаноста меѓу ретки појави на згрутчување на крвта и нејзината вакцина.

Компанијата ја објави одлуката откако центрите за контрола и превенција на болести на САД (ЦДЦ) и американската Управа за храна и лекови (ФДА) препорачаа земјата да ја паузира употребата на вакцината на Johnson & Johnson против COVID-19 откако беа пријавени шест случаи на „редок и тежок“ вид на згрутчување на крвта.

Разгледуваме случаи со европските здравствени власти, изјавија претставници на компанијата.

Донесовме одлука за проактивно одложување на употребата на нашата вакцина во Европа, додадоа од Johnson & Johnson.

Стотици илјади дози од оваа вакцина требаше да бидат доставени во Европа во следните недели.

Шесте пријавени случаи биле меѓу повеќе од 6,8 милиони дози на вакцината на Џонсон и Џонсон, администрирани во САД. Сите шест случаи се случиле кај жени на возраст меѓу 18 и 48 години, а симптомите се појавиле 6 до 13 дена по вакцинирањето.

реклама

Свет

Северот на Европа е под силен руски притисок, истокот крвари, а една земја плаќа висока цена

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг Ун: Ќе изградиме супериорна воена сила

Read more

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Read more

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе