Кошаркарите на Денвер Нагетс на домашен терен ја победија Филаделфија 76ерс со 116:111, а српскиот центар Никола Јокиќ одигра нов историски натпревар.

Денвер добро влезе во натпреварот и имаше водство во првата четвртина, но тоа се стопи до одењето на пауза.
Натпреварот се одлучи во третиот период кога домашната екипа повторно се одлепи, па Филаделфија и покрај новиот кам-бек и драмата на крајот од натпреваротот, сепак немаше време да направи пресврт.
Најдобар во редовите на Денвер беше Јокиќ, кој оствари нов трипл-дабл со 25 поени, 17 скока и 12 асистенции.
Ова беше 10-ти пат за Никола оваа сезона да забележи 25+ поени, 15+ скокови и 10+ асистенции на еден натпревар. Пред него само двајца играчи имаа најмалку 10 вакви натпревари во една сезона, а тоа беа Вилт Чејмбрлејн и Оскар Робертсон пред 50 години.
Имаше поддршка од Џамал Мареј, кој постигна 19 поени, додека Тајрис Макси беше осамен за Филаделфија со 29 поени. Вреди да се напомене дека гостите настапија без првите две ѕвезди Жоел Ембиид и Џејмс Харден.
Денвер е прв во Западната конференција со 51 победа и 24 порази, додека Филаделфија е на третото место на Истокот со скор 49-26.
Резултати:
Детроит Пистонс - Милвоки Бакс 117:126
Идијана Пејсерс - Далса Маверикс 104:127
Њујорк Никс - Хјустон Рокитс 137:115
Јута Џез - Феникс Санс 103:117
Денвер Нагетс - Филаделфија 76ерс 116:111
Портланд Треил Блејзерс - Њу Орлеанс Пеликанс 90:124
Сакраменто Кингс - Минесота Тимбервулвс 115:119
Лос Анџелес Клиперс - Чикаго Булс 124:112
Табела: