НБА 2024/2025

Јокиќ го престигна Меџик Џонсон и направи нешто што се чека 63 години, Дончиќ брилираше

Лука Дончиќ забележа трипл дабл во победата на Далас над Вашингтон од 137:101 и беше еден од најзаслужните играчи за триумфот на Мавс на гости.

Словенецот постигна 21 поен со по 10 скока и асистенции, а единствен поефикасен од него беше Кајри Ирвинг со 25 поени, но само 4 скока и 3 асистенции.

Дениел Гафорд постигна 16 поени со 7 скока, Куентин Грајмс додаде 14 со пет скока и 2 асистенции, додека Џејден Харди заврши со 13 поени. Динвиди постигна 12 со 4 скока и 2 асистенции, а Клеј Томпсон 11 со по 2 скока и асистенции, додека двоцифрен беше уште и ПиЏеј Вошингтон со 10 поени, 7 скока и 2 асистенции.

Во поразениот тим најдобри беа Марвин Багли и Малколм Брогдон со по 16 поени, додека Баб Карингтон додаде 15 со 2 скока. Бегли додаде 8 скока, а Брогдон 5 со 2 асистенции. Двоцифрени беа и Џордан Пул и Алекс Сар со по 11 поени. Пул додаде 8 асистенции, а Сар 8 скока.

Remote video URL

Најдобриот тим во лигата, Кливленд Кавалирс победи против Денвер Нагетс со 126:114, благодарение на Донован Мичел кој постигна 28 поени со 6 асистенции и 3 скока, додека Дариус Гарланд додаде 24 со 4 асистенции. Карис ЛеВерт постигна 21 поен со 6 асистенции и 3 скока, а двоцифрен беше и Еван Мобли со 20 поени, 9 скока и 4 асистенции.

Кај Нагетс, стандардно, најдобар беше Никола Јокиќ со 27 поени, 20 скока и 11 асистенции, а го следеше Мајкл Портер Џуниор со 24 поени, 7 скока и 2 асистенции. Џамал Мареј додаде 19 со 6 асистенции и 4 скока, додека Арон Гордон постигна 18 со 7 скока и 2 асистенции. Двоцифрени беа и Крис Браун и Расел Вестбрук со по 10 поени. Браун додаде 4 скока, а Вестбрук 3 скока и исто толку асистенции.

Remote video URL

Тоа беше 139-ти трипл-дабл во кариерата на Јокиќ, што што го престигна Меџик Џонсон и се искачи на третото место на вечната листа на играчи со најпрестижни перформанси. Пред него се само Оскар Робертсон (181) и соиграчот на Јокиќ, Расел Вестбрук со 200 трипл-дабли.

Со одличниот настап против Кавс, Јокиќ стана најбрзиот играч од 1961 година кој стигнал до 500 поени, 200 скока и 150 асистенции во една сезона во НБА. Му беа потребни само 20 натпревари.

Резултати:

Кливленд Кавалирс - Денвер Нагетс 126:114
Вашингтон Визардс - Далас Маверикс 101:137
Њујорк Никс - Шарлот Хорнетс 125:101
Торонто Репторс - Оклахома Сити Тандер 92:129
Мемфис Гризлис - Сакраменто Кингс 115:110
Њу Орлеанс Пеликанс - Феникс Санс 126:124
Сан Антонио Спарс - Чикаго Булс 124:139
Голден Стејт Вориорс - Хјустон Рокитс 99:93

Табела:

реклама

Доларот падна на најниско ниво во последните три години

Read more

Трет ден од воената ескалација меѓу Израел и Иран

Read more

Што треба да проверите во автомобилот пред да тргнете на патување?

Read more

Kia: Немаме друг избор

Read more

Кошарка

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Read more

Повозбудливо не може: Индијана ја победи Оклахома со кош на 0,3 секунди до крајот

Read more

Јамајка создава моќна кошаркарска репрезентација

Read more

Дончиќ за своите почетоци: Бев собирач на топки во Евролигата

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе