Маестралниот Никола Јокиќ ќе го памети денешниот натпревар од НБА лигата по неверојатниот рекорд со кој го сруши достигнувањето на големиот Лери Брд.

Јокиќ стана играчот кој најбрзо во историјата на НБА стигнал до 15.000 поени, 7.500 скокови и 5.000 асистенции. Тоа го направи предводејќи го својот Денвер на гостувањето кај Далас, во кој гостинскиот тим победи убедливо со 118:99.
На Јокиќ за овој подвиг му беа потребни само 709 натпревари во НБА, додека на Лери Брд, досегашниот рекордер, 799 натпревари во најсилната лига во светот.
With his 8th assist tonight, Nikola Jokić just became the fastest player to reach 15K+ PTS, 7,500+ REB, and 5K+ AST, doing so in just 709 games.
— NBA (@NBA) January 15, 2025
The fastest previously? Larry Bird at 799 games. pic.twitter.com/zjqjZRBtcN
И покрај тоа што не беше претерано распален, Јокиќ и ноќеска оствари трипл-дабл со 10 поени, 14 скока и 10 асистенции. Најефикасен во неговиот тим беше Џамал Мареј со дури 45 поени, додека кај Далас, кој е без повредениот Лука Дончиќ, никој не забележа сериозен учинок.
Од изненадувањата за издвојување е победата на Бруклин над Портланд и триумфот на Њу Орлеанс на гости кај Чикаго.
Резултати:
Индијана Пејсерс - Кливленд Кавалирс 117:127
Филаделфија 76ерс - Оклахома Сити Тандер 102:118
Атланта Хокс - Феникс Санс 122:117
Чикаго Булс - Њу Орлеанс Пеликанс 113:119
Милвоки Бакс - Сакраменто Кингс 130:115
Далас Маверикс - Денвер Нагетс 99:118
Портланд Треил Блејзерс - Бруклин Нетс 114:132
Табела: