НБА 2024/2025

Јокиќ направи трипл-дабл па откри дека се допишувал со Дончиќ за време на трејдот

Денвер Нагетс на домашен терен го совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 125:113, а до третата последователна победа ги предводеше српскиот ас Никола Јокиќ.

Нагетс одлично го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа двоцифрено водство кое само растеше до крајот на првото полувреме (68:50).

Пеликанс потоа се разбудија во третата четвртина, успевајќи да ја намалат разликата, но немаа сила за ништо повеќе во завршната фаза од мечот, па Нагетс мирно го приведоа мечот до крај и остварија нова победа.

Најдобар играч кај Денвер беше феноменалниот Јокиќ, кој оствари нов трипл-дабл со 27 поени, 14 скокови и 10 асистенции. Одлична поддршка имаше од Мајкл Портер Џуниор, кој постигна 36 поени, додека Треј Марфи беше најефикасен кај гостите со 41 поен.

Remote video URL

Денвер е на 4. место во Западната конференција на НБА со 31 победа и 19 порази, додека Њу Орлеанс е на 14-тото со скор 12-38.

По натпреварот Јокиќ на прес-конференција беше запрашан за трејдот на Лука Дончиќ, кој Далас Маверикс го испрати во Лос Анџелес Лејкерс во замена за Ентони Дејвис. Откри и дека тој веќе се слушнал со Лука.

„Се допишував со него, тој тоа не очекуваше, се разбира... Мислам дека сега мора да биде со семејството, тоа е голем трансфер. Тоа е бизнис, никој не го очекуваше, особено тој. Никој не е сигурен во лигата, но мислам дека ќе заврши добра работа. Тој е играч за големата сцена, имаше нешто посебно во Далас, но...“, изјави Јокиќ.

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Вашингтон Визардс 114:124
Детроит Пистонс - Атланта Хокс 130:132
Њујорк Никс - Хјустон Рокитс 124:118
Мемфис Гризлис - Сан Антонио Спарс 128:109
Минесота Тимбервулвс - Сакраменто Кингс 114:116
Оклахома Сити Тандер - Милвоки Бакс 125:96
Денвер Нагетс - Њу Орлеанс Пеликанс 125:113
Јута Џез - Индијана Пејсерс 111:112
Голден Стејт Вориорс - Орландо Меџик  104:99
Портланд Треил Блејзерс - Феникс Санс 121:119 прод.

Табела:

реклама

Тајланд ја нападна Камбоџа

Read more

Каролина разбуди емоции со нејзината прва насловна на неполни 13 години

Read more

На кои половни автомобили најбавно им паѓа цената?

Read more

Кинескиот гигант тоне: Секој ден губи 4,5 милиони евра

Read more

Кошарка

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Read more

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Read more

Минесота го победи Њу Орлеанс во меч со 291 поен, рекорд сезонава

Read more

Јокиќ е најдобар во една работа во последниот половина век во НБА

Read more
 

Спорт

Јокиќ руши неверојатни рекорди

Читај повеќе

Наполи со победа над Јувентус се искачи на првото место во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Реал се распадна на терен: Летаа црвени и жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Ландо Норис ја освои титулата во Формула 1 за прв пат во својата кариера

Читај повеќе

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе