Јокиќ непопустлив кон Шекил: Јас сум Србин и ти го знаеш тоа!

Никола Јокиќ брилијантно ја отвори сезоната во НБА.

На 12-тиот натпревар стигна до петтиот трипл-дабл. Во победата на Денвер против Голден Стејт (114:104) постигна 23 поени со 14 скока и 10 асистенции.

Така, тој исто така продолжи со сензационалниот учинок во додавање. Имено, Јокиќ е првиот центар по Вилт Чембрлејн, кој е најдобар асистент во НБА лигата.

URL

Затоа славниот Шекил О'Нил по натпреварот од телевизиското студио го праша дали е можно на крајот на сезоната да биде прв во асистенции во најдобрата лига во светот. Јокиќ од теренот во Денвер му одговори:

„Искрено, не знам, сезоната е долга. Тренерот одлучи што почесто да ми ја дава топката в раце. Затоа имам многу можности за асистенции и ја користам така што ги наоѓам соиграчите. Не станува збор само за мене, туку за тактика, тимска игра, но ако можам да бидам најдобриот асистент на крајот на сезоната, тоа би било феноменално “.

Јокиќ не ги занемарува ниту своите должности под обрачот. Шек му рече дека таму го уништил Џејмс Вајсман, младиот центар на Вориорс, а Јокиќ одговори:

„Не би рекол дека го уништив. Сакам да играм полека, да чекам и да видам што ќе се случи на теренот, дали ќе ме дуплира или ќе ме пушти. Треба да се процени кога е добро да се оди на фаул или да се добијат лесни поени".

О’Нил му се заблагодари на Јокиќ за оваа анализа со „спасибо“, што значи „благодарам“ на руски јазик.

Јокиќ веднаш му одговори: "Шек, тоа е руски. Јас сум од Србија!"

О'Нил се поправи: „Моја грешка, моја грешка... А мислев дека е Русин...“

Јокиќ не се откажа: „Јас сум Србин и ти го знаеш тоа!“

URL
реклама

Британците збеснаа поради интервјуто на Меган и Хари: Ова е предавство

Read more

Сто факти за вселената во кои нема да ви се верува

Read more

CAT техника - сигурен пат до женски оргазам

Read more

Илон Маск остана без 27 милијарди долари минатата недела

Read more

Кошарка

Денот кога Коби Брајант им докажа на сите дека не се плаши од никого и од ништо

Read more

Тимот на Леброн победи на Ол-Стар, Јанис испиша историја

Read more

Ембиид и Симонс исфрлени од Ол-Старот поради фризер

Read more

Кари победи во тројки, забивања за заборав

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тренингот на младите руски хокеари ја шокира Русија

Читај повеќе

Поранешниот фудбалер Франко Акоста најден мртов

Читај повеќе

Нов формат на ЛШ од 2024: Нема веќе астрономски трансфери?

Читај повеќе
  • play_arrow

Денот кога Коби Брајант им докажа на сите дека не се плаши од никого и од ништо

Читај повеќе
  • play_arrow

Сите голови од 22. коло во 1.МФЛ

Читај повеќе
  • play_arrow

Чави стана првак на Катар со Ал Сад

Читај повеќе

Англиските медиуми се прават наглуви за рекордот на Ѓоковиќ

Читај повеќе

Колку е веројатно Џерард да го замени Клоп?

Читај повеќе

Кејн и Сон срушија премиерлигашки рекорд за асистенции

Читај повеќе