Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Мајами Хит со 108:95 и поведоа со 3-1 во финалната серија со што се најдоа пред освојување на шампионската титула во НБА.

Никола Јокиќ и Арон Гордон го предводеа Денвер до третиот триумф во финалната серија. Јокиќ, кој нè навикна на трипл-дабл ефекти, овојпат оствари „само“ дабл-дабл - постигна 23 поени со 12 скокови, а запиша и 4 асистенции.
Гордон беше најефикасен со 27 поени, имаше и 7 скока и 6 асистенции, а Џамал Мареј запиша дабл-дабл со 15 поени со 12 асистенции.
На другата страна Џими Батлер дуелот го заврши со 25 поени, 7 скока и 7 асистенции, додека Бам Адебајо постигна 20 поени со 11 скокови.
Следниот натпревар од финалната серија се игра во Денвер ноќта од понеделник кон вторник во 2:30 часот по македонско време, во кој Нагетс ќе имаат можност за прв пат во својата историја да станат шампиони.