НБА 2021/22

Јокиќ постигна трипл-дабл, па беше исклучен откако жестоко го нападна Морис

Зад нас е многу возбудлива ноќ на НБА паркетите, а уште една одлична партија пружи Никола Јокиќ во победата на Денвер Нагетс со резултат 113:96 над Мајами Хит. Сепак, српскиот кошаркар го одбележа натпреварот со нападот на ривалот Маркиф Морис.

Јокиќ забележа трипл-дабл учинок од 25 поени, 15 скока и 10 асистенции и на тој начин го предводеше својот тим до втората победа во низа откако претходно го реши и натпреварот против Хјустон Рокитс.

Немаше толкава драма на денешниот дуел бидејќи Денвер прашањето за победникот го реши уште пред последната четвртина. Заедно со Јокиќ, Вил Бартон постигна 25 поени во победничкиот тим, додека кај Мајами, но и на целиот меч најефикасен беше Џими Батлер со 31 поен.

Remote video URL

Натпреварот на крајот го одбележа една грда сцена. Испровоциран после еден прекршок, Јокиќ го нападна Маркиф Морис и заработи исклучување. Она што е најлошо за српскиот кошаркар е што може да се соочи со посериозна суспензија.

URL

Лука Дончиќ повторно го предводеше Далас до триумф, овојпат против Њу Орлеанс со 108:92. Словенечкиот кошаркар постигна 25 поени и додаде по 5 скока и асистенции, а Далас дојде до релативно лесна победа.

Триумфи забележаа и Голден Стејт над Атланта, како и Чикаго над Бруклин Нетс.

Резултати:

Филаделфија 76ерс - Њујорк Никс 96:103
Чикаго Булс - Бруклин Нетс 118:95
Мемфис Гризлис - Минесота Вајлд 125:118
(прод.)
Далас Маверикс - Њу Орлеанс Пеликанс 108:92
Денвер Нагетс - Мајами Хит 113:96
Голден Стејт Вориорс - Атланта Хокс 127:113
Сакраменто Кингс - Феникс Санс 104:109
Лос Анџелес Лејкерс - Шарлот Хорнетс 126:123
(прод.)

реклама

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе