Доста богата вечер во НБА лигата каде веројатно највозбудливо беше во Детроит, Сан Франциско и Вашингтон.

Никола Јокиќ уфрли 28 поени зачинети со 21 скок и 9 асистенции и го предводеше Денвер Нагетс до готински триумф кај Детроит Пистонс со 110:105. Кај домашните бадијала беа 34-те поени на Кејд Канингем, збогатени со по 8 сокови и асистенции.
Тежок пораз доживеа Лука Дончиќ со својот Далас Маверикс на гостувањето кај Голден Стејт Вориорс. Словенецот постигна 25 поени, но на крајот неговиот тим загуби со неверојарта разлика од 38 поени, или 130:92.
Лос Анџелес Клиперс направи пресврт каков што не е виден во последните 12 години во НБА. Тие ноќесна го совладаа Вашингтон Визардс со 116:115 иако губеа со 35 поени разлика во втората четвртина.
Потоа, на 20 секунди до крајот Вашингтон имаше водство од 7 разлика, но Клиперс успеа и таа да ја стопи и да ја однесе победата. Лук Кенард погоди тројка под фаул на 1,9 секунди до крајот, по што го реализираше и дополнителното слободно фрлање.
Претходниот сличен камбек во НБАа се случи на 21 декември 2009 година. Тогаш Сакраменто Кингс го победи Чикаго Булс со 102:98, надоместувајќи негатива од 35 поени.
Резултати:
Детроит Пистонс - Денвер Нагетс 105:110
Филаделфија 76ерс - Њу Орлеанс Пеликанс 117:107
Торонто Репторс - Шарлот Хорнетс 125:113
Вашингтон Визардс - Лос Анџелес Клиперс 115:116
Бостон Селтикс - Сакраменто Кингс 128:75
Бруклин Нетс - Лос Анџелес Лејкерс 96:106
Хјустон Рокитс - Сан Антонио Спарс 104:134
Голден Стејт Вориорс - Далас Маверикс 130:92
Портланд Треил Блејзерс - Минесота Валјд 107:109