НБА 2021/22

Јокиќ повторно незапирлив, го оствари шестиот трипл-дабл во јануари

Денвер Нагетс ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 116:105 на гости, а српскиот кошаркар Никола Јокиќ уште еднаш потврди зошто е меѓу стартерите на претстојниот НБА Ол-стар.

Јокиќ во јануари стигна до својот шести трипл-дабл, а вкупно 12-ти во сезоната. Интересно е што ова е вторпат во кариерата Никола да стигне до тој ефект за само еден месец.

Во првото полувреме не блескаше, но во второто ја покажа сета своја моќ. Во воведните 11 минути од третата четвртина постигна уште 16 поени, а на крајот натпреварот го заврши со 29 поени. Додаде и 13 скока, 10 асистенции, 2 украдени топки и 6 загубени топки.

URL

Јокиќ имаше поддршка од Гордон кој постигна 20 поени и Форбс кој додаде 14. Џонс беше најефикасен кај Пеликанс со 19 поени, а одличен беше и Ернангомес со дабл-дабл учинок од 18 поени и 16 скокови.

Инаку, Нагетс одлично го отворија натпреварот, но Пеликанс се вратија во полувремето кое заврши со резултат 48:50. Сепак, до крајот на натпреварот Нагетс не му дозволија на домаќинот да направи пресврт и победија без поголеми проблеми.

Remote video URL

Денвер е на 6. место во Западната конференција со 27 победи и 21 пораз, додека Њу Орлеанс е на 12-тото во истата конференција со сооднос 18-30.

Резултати:

Орландо Меџик – Детроит Пистонс 119:103
Атланта Хокс – Бостон Селтикс 108:92
Шарлот Хорнетс – Лос Анџелес Лејкерс 117:114
Хјустон Рокитс – Портланд Треил Блејзерс 110:125
Мемфис Гризлис – Јута Џез 119:109
Мајами Хит – Лос Анџелес Клиперс 121:114
Њу Орлеанс Пеликанс – Денвер Нагетс 105:116
Оклахома Сити Тандер – Индијана Пејсерс 110:113
(прод.)
Сан Антонио Спарс – Чикаго Булс 131:122
Феникс Санс – Минесота Тимбервулвс 134:124
Милвоки Бакс – Њујорк Никс 123:108

Табела:

Standings provided by SofaScore LiveScore
реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе