НБА 2020/21

Јокиќ се погрижи за Оклахома, шеста победа во низа за Јута

Со дабл-дабл српскиот центар го предводеше Денвер до домашна победа над тимот на Оклахома, додека домашниот терен го искористи и Јута за нова победа.

Ноќеска само два натпревара беа на програмата во најдобрата кошаркарска лига на светот. Во „Бол“ арената во Денвер тимот на Нагетс убедливо со 18 разлика ја совлада Оклахома играјќи фуриозна кошарка во втората и третата четвртина.

Одлична партија одигра Никола Јокиќ кој направи дабл-дабл со 27 поени и 12 скока, а имаше и 6 асистенции. Кај гостите со 20 поени се истакна Канаѓанецот Лу Дорт. Со оваа победа Денвер сега има еднаков учинок: 7 победи и исто толку порази.

Во другиот натапревар Јута Џез запиша слична победа од 16 разлика над гостите од Њу Орлеанс. На овој натпревар дабл-дабл оствари Французинот во редовите на домашните, Руди Гобер, со 13 поени и 18 скокови, додека најефикасен беше Зион Вилијамсон чии 32 поена не беа доволни за гостите. Кај Јута 28 поени постигна Донован Мичел.

За Јута ова е шеста победа во низа со која е трета на Западот со скор од 10-4.

Резултати:
Денвер Нагетс - Оклахома Сити Тандер 119:101
Јута Џез - Њу Орлеанс Пеликанс 118:102

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Кошарка

Бакс и Лејкерс одиграа спектакуларно дерби со дури две продолженија

Read more

Балканците доминираа синоќа во НБА

Read more

Најплатената ѕвезда во НБА: Постот за Рамазан ми го спаси животот

Read more

Лејкерс славеа во меч со речиси 300 поени, Голден Стејт испушти место во плеј-ин

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе