Никола Јокиќ го одигра првиот натпревар во НБА претсезоната и веднаш воодушеви.
Тој забележа дабл-дабл во поразот на Денвер од Голден Стејт 118:116.
Тој постигна 17 поени со 10 скока и 2 асистенции за само 16 минути на паркетот.
Јокиќ погоди 7 од 11 удари од игра, а имаше и две блокади со само една загубена топка.
Најдобро го следеше Арон Гордон со 16 поени, 13 додаде Пи-Џеј Дозир, 12 постигна Џамајкл Грин, 11 Нешон Хајленд и 10 Џеф Грин.
Вориорс ги предводеше Џордан Пул со 17 поени, Ото Портер Џуниор постигна 15 со 5 асистенции и 4 скока, додека Стеф Кари постигна 14 за 15 минути на паркетот.