НБА 2024/2025

Јокиќ влезе во историјата на НБА, одигра партија каква никој друг не успеал

Денвер Нагетс на домашен терен го совлада Феникс Санс со 149:141, а српскиот центар Никола Јокиќ одигра натпревар каков што на никој во историјата на НБА не му успеало.

Имено, Јокиќ на теренот мина 45 минути и за тоа време оствари брутален трипл-дабл. Постигна 31 поен, имаше 21 скок и на сето тоа додаде неверојатни 22 асистенции. Погоди 10/15 за два поени, 3/7 за три и 2/3 од линијата за слободни фрлања. Никој пред него не успеал да постигне ваква статистика во сите три најважни категории.

Тоа беше и личен рекорд на Јокиќ кога се во прашање асистенциите, а сега е центар со најмногу асистенции во историјата на НБА.

Инаку, неговите Нагетс одлично го започнаа натпреварот против Санс и водството постојано растеше до полувремето (68:56). Сепак, во последната четвртина Санс завршија одлична работа и се изборија за продолженија. Сепак, немаа сили за конечен пресврт, па Денвер успеа да обезбеди нова победа.

Заедно со Јокиќ кај Нагетс се истакна и Арон Гордон со 27 поени од кои 7 тројки, со што го изедначи рекордот во кариерата, а Кристијан Браун го заврши натпреварот со 25 поени. Кај Феникс најдобар беше Девин Букер со 34 поени, додека Кевин Дурент постигна 29 поени.

Remote video URL

Денвер е на третото место во Западната конференција со 41 победа и 22 пораза, додека Феникс е на 11-то место со скор 29-34.

Резултати:

Шарлот Хорнетс - Кливленд Кавалирс 117:118
Далас Маверикс - Мемфис Гризлис 111:122
Торонто Репторс - Јута Џез 118:109
Мајами Хит - Минесота Тимбервулвс 104:106
Оклахома Сити Тандер - Портланд Треил Блејзерс 107:89
Денвер Нагетс - Феникс Санс 149:141 прод.
Сакраменто Кингс - Сан Антонио Спарс 127:109
Лос Анџелес Клиперс - Њујорк Никс 105:95

Табела:

реклама

Салатата од компири ќе биде повкусна ако додадете една едноставна состојка

Read more

УЈП затвори 25 објекти поради неиздавање фискални сметки

Read more

Што се случува со црниот дроб кога пиете кафе секој ден?

Read more

Роверот Perseverance испрати ново селфи од Марс

Read more

Кошарка

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Read more

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Read more

Детроит загуби добиен меч, Кливленд блиску до финалето на Истокот

Read more

Вемби ги предводеше Спарс до победа над Минесота, на еден триумф се од финалето на Западот

Read more
 

Спорт

AS: Балканскиот гениј нокаутиран, Милан во криза

Читај повеќе

Цените на билетите за Светско паѓаат, а бесот на навивачите не стивнува

Читај повеќе

Шпански медиуми: Мурињо веќе постигнал договор со Реал Мадрид

Читај повеќе

Дубаи се заканува со повлекување од АБА лигата

Читај повеќе

ФФМ потврди: На 1 јуни пријателска против Турција во Истанбул

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Пеџа Стојаковиќ се двоуми дали да игра за Србија или за Грција

Читај повеќе

Римското дерби конечно доби термин: В недела точно на пладне!

Читај повеќе

Мбапе удри по тренерот: Ми рече дека сум четврти напаѓач; Арбелоа: Не е вистина

Читај повеќе

Истрага ќе го одложи плејоф финалето за пласман во Премиер лигата

Читај повеќе