НБА 2024/2025

Јокиќ за играњето на празник: Не ми е мене Божик

Кошаркарите на Денвер Нагетс синоќа го победија Феникс Санс со 117:90 и го подобрија својот рекорд на 16-11 оваа сезона. Моментално се на петтото место во Западната конференција на НБА лигата, а синоќа до нова победа ги предводеше Никола Јокиќ со 32 поена и 7 асистенции за 30 минути на паркетот.

Вечерва е ден за одмор во НБА, а в среда на Божик традиционално ќе гледаме пет натпревари. Последната ќе ја играат кошаркарите на Феникс и Денвер од 4:30 часот по македонско време. По новата победа, српскиот кошаркар беше на прес-конференција на која меѓу другото беше запрашан колку му е тешко да игра на празник.

На американските новинари, се чини, не им е познато дека Јокиќ е православен христијанин и дека Божик го слави на 7 јануари. Запрашан за коментар за натпреварите што ќе се играат на празникот, Јокиќ даде краток и јасен одговор: „Ништо. Не ми е мене Божик. Тоа е само уште еден натпревар“.

Центарот на Денвер Нагетс моментално е главен фаворит за уште една награда за МВП во лигата. Јокиќ е втор најдобар стрелец во лигата со просек од 30,9 поени, петти најдобар скокач со просек од 12,5 скока и трет најдобар асистент со 9,7 асистенции по натпревар.

Јокиќ освои три од последните четири МВП награди, а ако ја освои четвртата би станал само шестиот кошаркар во историјата на НБА со најмалку четири МВП трофеи. Пред него го направија тоа:

  • Карим Абдул Џабар (6)
  • Мајкл Џордан (5)
  • Бил Расел (5)
  • Вилт Чејмбрлејн (4)
  • Леброн Џејмс (4)
реклама

Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика

Read more

ЕУ воведува систем за следење на километражата на половните автомобили

Read more

Додатоци што не треба да ги земате со кафе

Read more

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Read more

Кошарка

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Read more

Уште во јануари падна забивањето на годината: Бекот на Орландо овековечи четворица на постер

Read more

Евролигата сака да ја тужи НБА

Read more

Пирови 42 поена на Дончиќ, Лејкерс заринкаа кај слабите Кингс

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дали Диас намерно го промаши пеналот во финалето од Африканскиот куп на нации?

Читај повеќе
  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе