Кошарка

Јокиќ го „скроти“ Дончиќ со звукот на сирената

15. март 2019 - 11:03 | К.З.

Иако Лука Дончиќ изгледаше како победник на „Балканскиот дуел“ до самиот крај, сепак последен се радуваше Никола Јокиќ, кој со последниот шут на натпреварот му донесе победа на неговиот тим Денвер Нагетс.

Денвер Нагетс ја обезбеди 45-тата победа сезонава со триумфот над Далас Маверикс од 100:99.

Второпласираниот тим во Западната конференција ја искористи предноста на домашниот терен и на навивачите им даде причина да се радуваат по синоќешниот дуел против Далас Маверикс. Иако најдобар поединец во победничкиот тим беше Пол Милсап (33 поени, 8 скока), сепак победата ја донесе Никола Јокиќ, кој го погоди последниот шут на натпреварот.

Само неколку секунди претходно, Лука Дончиќ со атрактивно забивање му донесе предност на тимот на Далас Маверикс, а неговите соиграчи веќе се израдуваа на победата. Сепак, Лука го заврши натпреварот со 24 поени, 11 скока и 9 асистенции и уште еднаш беше најдобриот играч на Маверикс.

Останати резултати:

Индијана Пејсерс – Оклахома Сити Тандер 108:106

Орландо Меџик – Кливленд Кавалирс 120:91

Бостон Селтикс – Сакраменто Кингс 126:120

Торонто Репторс – Лос Анџелес Лејкерс 111:98

Јута Џез – Минесота Тимбервулвс 120:100

Коментирај