Кошарка

Јокиќ казнет со 25.000 долари за хомофобичен коментар

8. ноември 2018 - 15:39 | А.С.

Никола Јокиќ е казнет со 25.000 долари поради хомофобичен коментар по натпреварот против Чикаго Булс, соопшти НБА лигата.

Јокиќ, според НБА, употребил „понижувачки вокабулар“ со кој би можел да ја навреди геј популацијата. Српскиот центар го опишуваше физичкиот потенцијал на центарот на Булс, Вендел Картер Џуниор, кога ги кажа „кобните“ зборови.

„Долг е... не на геј начин... ама подолг отколку што би очекувале“, рече Јокиќ за распонот на Картер Џуниор.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Jokic interviews are must see TV ! (Submitted by @colin_schmidt10)

A post shared by Nuggets Wave \\: (@nuggets.wave) on

Сигурно Јокиќ немал намера да навреди никого, но НБА има нула толеранција за ваков избор на вокабулар, па играчот на Денвер Нагетс невкусната шега ќе го чини 25.000 долари.

Јокиќ инаку брилира сезонава со 15,8 поени во просек на еден натпревар, 9,7 скокови и 7,4 асистенции.

Коментирај