Јончевски: Пласман на ЕУРО по пауза од 10 години би бил успех за оваа репрезентација

Новиот селектор на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, смета дека евентуален пласман на Евробаскет би бил успех за „Црвено-жолтите“.

Под водство на Јончевски македонските кошаркари од синоќа се во Маврово на подготовки за новиот циклус од квалификации, за пласман на ЕвроБаскетот во 2025 година.

– Голема одговорност е да се предводи овој тим во квалификациите за Европското првенство. Имаме нешто повеќе од две недели да се подготвиме за двомечот со Данска, а потоа следи Словачка на домашен терен. Се надевам дека ќе успееме да направиме една позитивна атмосфера и енергија, нешто што ја красеше оваа репрезентација со години наназад и една атмосфера која го донесе најголемиот успех во 2011 година на ЕУРО. Нормално, пласман на едно ЕУРО по пауза од 10 години би бил успех за оваа репрезентација, изјави Јончевски за официјалната веб-страна на КФСМ.

Во квалификациската група е и Норвешка.

– Можеби групата звучи неатрактивно, со Норвешка, Данска и Словачка, но ни влева голема надеж дека ќе го освоиме првото место кое единствено води во следната рунда. Ниедна селекција нема квалитет со кој ќе отскокнува, туку моменталната атмосфера и мотивација ќе го реши победникот, смета новиот предводник на нашиот сениорски национален тим пред стартот на августовските подготовки.

Јончевски на селекторската позиција го наследи Драган Бајиќ на кого му беше помошник.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Кошарка

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more

Мајами и Њу Орлеанс последни учесници во плеј-офот, крајот за Чикаго и Сакраменто

Read more
 

Спорт

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе

Крај на сезоната за Де Јонг

Читај повеќе

Официјални состави: Милан - Интер

Читај повеќе