Јовановски и Милевски во притвор, Јанева во оставка и без мобилен телефон

Скопје, 16 јули 2019 (МИА) – Триесетдневен притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски, како осомничени за изнудување пари, одземен мобилен телефон на специјалната обвинителка Катица Јанева, како и претреси во домот на родителите на Јовановски во Тафталиџе и на неговата канцеларија во 1ТВ е епилогот од вчерашниот ден, откако претходно Јавното обвинителство ги обелодени случаите за Јовановски и Милевски, а Јанева си поднесе неотповиклива оставка.

Двајцата осомничени до доцна синоќа беа на распит во Кривичниот суд, по што Судот излезе со официјално соопштение во кое ја потврди мерката притвор.

Милевски синоќа со полициска придружба прв беше однесен во затворот „Скопје“ во Шутка, потврдија за МИА од затворот, од каде ни посочија дека во секој момент го очекуваат и пристигнувањето на Јовановски.

Мобилниот на Јанева е одземен по наредба на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција,  потврдија за МИА од Обвинителството и тоа заради прибирање повеќе информации за истрагата против осомничените, кои во јавноста се познати како Боки 13 и Зоки Кичеец.

– Телефонот е одземен за да ја видиме комуникацијата на јавен обвинител и првоосомничениот. Претрес не е направен кај ниту еден јавен обвинител и сега за сега нема причина зошто да бидат изведени пред судија, изјави доцна синоќа пред судот обвинителката Вилма Рускоска.

Таа потврди дека Јовановски бил задржан на граничниот премин „Богородица“ при обид за бегство. Рускоска посочи дека обележани пари како доказ нема, но имаат обезбедено разговори и видеоснимки.

По собрани вербални и материјални докази, Обвинителството вчера отвори истрага во која двајцата осомничени ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за  „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Тие во два наврата примиле вкупно 1,5 милион евра од побарани осум милиони евра од лице против кое се водело истрага.  На осомничениот од кого ги изнудиле парите му ветиле дека преку обвинител со кого имаат пријателски врски т.е. влијание ќе ја запрат истражната постапка или ќе му ја олеснат положбата во постапката.

Обвинителката за организиран криминал Вилма Русковска вчера на прес-конференција го образложи случајот и доказите со кои се отвори истрагата, но не ги соопште ни идентитетите на осомничените, заради почитување  пресумпција на невиност, ниту  пак, идентитетот на обвинителот врз кој  двајцата приведени имале влијание.

Обвинителството од 2 мај годинава против Боки 13 и Зоки Кичеец водело предистражна постапка при која се собрани повеќе вербални и материјални докази што даваат основа против нив денеска да се отвори истражна постапка по кривична пријава. Користени се и ПИ мерки.

– Истражната постапка се води зашто од ноември 2018 година до април 2019 година првоосмоничениот искористувјаќи го своето влијание врз јавен обвинител, влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второсомничениот битно придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставување меѓусебен контакт на првоосомничениот со сопругата на осомничениот во таа постапка лично со осомничениот, појасни Русковска.

При овие средби од сведокот биле побарани најпрво 8 милиони евра да се запре истражната постапка, а доколку постапката не се запре тогаш во насока на изнаоѓање олеснителни околности сведокот требало да им исплати пет милиони евра со тоа што веќе дадените 1 милион евра во вториот наврат влегувале во тој износ. Останатите 4 милиони евра било договорено да се исплаќаат сукцесивно на четири месечни рати. Откако осомничените се посомневале во доверливоста на средбите и можноста за откривање на кривично правниот настан повеќе не остварувале средби со сведокот во таа насока.

Катица Јанева претходно ја депонираше оставката, а како што наведе во соопштение објавено на веб-страницата на СЈО, таа ќе биде активирана во моментот кога политичките партии ќе се усогласат за новото законско решение за СЈО и ќе го изберат нејзиниот наследник.

На вчерашната прес-конференција јавниот обвинител Љубомир Јовески и Рускоска одбија да кажат за кој обвинител станува збор, а не објаснија ни дали се остварила трговијата со влијание, благодарејќи на моќта на обвинителот. Обвинителот за кој станува збор не бил повикан да даде исказ.

На прашање дали оставката на Јанева е поврзана со истражната постапка, Јовески одговори дека оставката е нејзин личен чин кој тие нема да го коментираат.

Јанева, која беше на чело на СЈО од септември 2015., се повлече од функцијата два месеци пред истекот на мандатот, кој и завршува на 15 септември. Таа во речиси сите јавни настапи досега велеше дека нема намера да се повлече од функцијата се до завршувањето на мандатот, а најавуваше и дека планира повторно да се кандидира.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе