Јовановски излезе без исказ од ОЈО, но со решение за завршена истрагa

Скопје, 23 септември 2019 (МИА) – Првоосомничениот во предметот „Рекет“ на ОЈО, Бојан Јовановски – Боки 13, денеска по еден час разговор во Обвинителството не даде исказ. Неговиот адвокат Сашо Дуковски смета дека Јовановски сакал да даде исказ но, според него, се случил преседан, бидејќи во ист момент му е доставено решението за завршена истрага и со тоа е направена повреда на правото на одбрана.

– Денеска за првпат од започнувањето, односно од донесувањето на наредбата за спроведување истрага од Обвинителството за организиран криминал и притворањето на осомничениот Бојан Јовановски и после сите преземени дејствија од страна на Обвинителството, тој денес првпат е викнат да даде исказ во Јавното обвинителство. И тоа би било во ред, но не е во ред во истиот момент кога вие немате поим за каков доказ се обвинувате, кои се основите на сомневање, кои се доказите против вас, да ви се дава известие за завршена истрага. Во ист момент, еве, тоа е ова известие за завршена истрага кое носи датум 23 септември 2019 година. Ова досега во историјата на македонското правосудство не се случило, истакна Дуковски по излегувањето од ОЈО.

Адвокатот вели дека тие не се бранеле со молчење и дека ќе дадат исказ доколку стигнат, откако ќе направат увид во доказите.

– Нормално, при такви околности, значи ние не се браневме со молчење, ниту некогаш ќе се браниме со молчење во оваа постапка. Ќе дадеме исказ. Но, видете ја сега нашата позиција и повредата на правото на одбрана. Во овие 15 дена ние сега треба да ги гледаме, бидејќи истрагата според Обвинителството е завршена со известие, ние треба да ги гледаме доказите па ќе се договориме да дадеме исказ. Тоа е еден правен нонсенс и којшто, еве, затоа велам дека е прецендент и сметам дека не треба да се спроведува во Република Македонија. Така што, денеска не дадовме изјава од разбирливи причини, а тие се едни и единствени затоа што немаме увид во доказите. Од среда од 12 часот па во наредните денови ќе вршиме увид во предметот и ќе дадеме свој исказ, појасни Дуковски.

Тој ја истакна и лошата здравствена состојба на Јовановски која ја имал со желудникот и тенкото црево и дека за тоа се „префрла топката“ од судија на претходна постапка кон ЈО и истражен затвор „Скопје“. Дуковски информираше дека се работи за оперативен зафат, за кој и тој лично го осудува, од наводно е од естетска природа, односно намалување на неговиот желудник.

– После тоа има две неуспешни операции на подврзување на тенкото црево во тој желудник. Нон-стоп повраќа, нека се смеат владетелите на правото кога велат дека можеби е труден, па затоа повраќа. Значи, нон-стоп повраќа, нон-стоп паѓа и покрај одобрение на судија од претходна постапка го носат во амбуланта и му даваат еден обичен емулзионен раствор и тоа се завршува. Не го кажувам ова за да се постигне нешто. Реално не му е добра здравствената состојба. Можеби сам придонел за таква здравствена состојба со таква операција, рече Дуковски и додаде дека состојбата му е животозагрозувачка. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Македонија

Спречен атентат врз Зеленски

Read more

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Read more

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Read more

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Read more
 

Вести

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

ЕУ смета дека Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе

Ванковска: Ние трчаме маратон, нас не нè задоволува фотелја и позиција, ние имаме кауза

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега

Читај повеќе

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Читај повеќе