Јовановски: Ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел пари

Скопје, 7 мај 2020 (МИА) – Категорично тврдам дека ниту сум ја допрел торбата, ниту сум видел некакви парични средства. Јас видов затворена торба што Зоран Милески ја зеде со леснотија, изјави денеска во судот Бојан Јовановски – Боки 13, каде сведочи за предметот „Рекет“ во кој е првообвинет.

– Тврдат дека таму имало милион евра по апоени од 50 што е невозможно и ќе тежеше повеќе, кажа Јовановски.

Најодговорно, рече Јовановски, тврдам дека немам ниту еден допир на таа торба и Обвинителството требаше да ја најде и да ја извештачи.

– Ноторна лага е дека мене ми биле дадени 500 илјади евра за Јордан Камчев да излезе од притвор. Со Камчев не сум разговарал за никакво олеснување, туку сме разговарале само за бизниси. Сме оделе на вечери, сме збореле за сè и сешто. Ме провоцирале и прашувале да зборам и да се правам паметен и да зборам и за СЈО. Ме снимале и спакувале, но кажувам тоа биле само мои лични мислења, изјави Јовановски.

Со првата емисија на Инсајдер, наведе Јовановски, почнале неговите проблеми и кампања од Зоран Азманов дека се работи за рекет побаран од него.

– Дека не се работи за рекет го имам документот од суд дека се отфрла пријавата, изјави Јовановски.

За одземената гардероба рече дека најголемиот дел е купена или добиена пред 2018 година.

– Никогаш не сум бил повикан да потпишам што сè е одземено од мојот дом, рече Бојан Јовановски во сведочењето пред судот.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе