Јовески: Наводите на „Ла Верита“ се чиста шпекулација

Скопје, 20 октомври 2019 (МИА) – Државниот обвинител Љубомир Јовески  во изјава за МИА ги означи како чиста шпекулација наводите што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“ во однос на трансакцијата од 750.000 евра на Меѓународниот сојуз и постапувањето на обвинителката Вилма Русковска.

Според Јовески, во периодот за којшто пишува весникот Русковска не била раководител на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

-Тоа е чиста шпекулација затоа што во тој период ниту Русковска била раководител на Обвинителствотото за гонење на организиран криминал и корупција, ниту пак има вистина во тоа кој и како се јавувал и за што се јавувал, изјави за МИА Јовески.

„Ла Верита“ во написот на новинарот Ларис Гајсер објави дека „притворањето на Фросина Ременски делува како битна амортизација со која премиерот Зоран Заев се обидува уште еднаш да се спаси од кривична одговорност“.

-За време на нашето истражување добивме потврда дека Управата за финансиско разузнавање (УФР), сомневајќи се на некои незаконски дејства при трансакцијата на парите на Силјан Мицевски, го замрзнала плаќањето од 750.000 евра извршено во корист на Лилјана Тодоровска. Почитувајќи ги легалните процедури, УФР за потенцијалното кривично дело уредно го известило Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, на чие чело е обвинителката Вилма Русковска. Таа тогаш го имала целото право да определи притвор на неопределено време и да почне истрага“, напиша  италијанскиот весник.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе