Јовески: Нема законски и други пречки Интерпол да објави потерница по Груевски

Скопје, 23 мај 2015 (МИА) – Верувам дека нема законски или било какви други пречки потерницата за поранешниот премиер Никола Груевски да не биде објавена на листата на Интерпол, изјави денеска јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески.

– Во скоро време ќе се реши таа состојба. За тоа е задолжена обвинителката Вилма Русковска, како напредува во тој дел мене не ми е познато, но верувам дека нема законски или било какви пречки потерницата да не биде објавена на листата на Интерпол, изјави Јовески, одговарајќи на новинарско прашање до каде е постапката за потерницата по Груевски.

Во однос на тоа дали до крајот на мај ќе има обвинение или не, Јовески, рече дека не може во оваа фаза да се говори за тоа и дека не сака ништо да прејудицира.

– Во овој момент може да се говори дека истражната постапка е при крај и откако ќе заврши истражната постапка ќе се знае каква одлука ќе донесе Јавното обвинителство. Дали ќе поднесе обвинение или ќе донесе друг вид на јавно обвинителска одлука. Не сакам да се прејудицираат работите во овој момент, едноставно може да се каже дека таа постапка се приведува при крај и врз основа на резултатите од постапката јавниот обвинител ќе донесе соодветна одлука која ќе ја заснова на резултатите од пред истражната постапка, изјави Јовески по потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу Академијата за судии и обвинители, ЈОРМ и ОБСЕ/ОДИХР. 

реклама

Македонија

Променливо облачно време со температури до 24°C

Read more

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Read more

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Read more

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Наркобос сакал да ја убие холандската принцеза, побегна поради грешка на шпанскиот суд

Читај повеќе

Мелони ќе дозволи „поддржувачите на мајчинството“ да ги одвраќаат жените од абортус во клиниките

Читај повеќе

Шпанија формира фонд за 440.000 жртви кои биле сексуално злоупотребувани од свештеници

Читај повеќе

Раст на Волстрит втор ден по ред

Читај повеќе

Променливо облачно време со температури до 24°C

Читај повеќе

ЈСП ќе вози по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Читај повеќе

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Читај повеќе

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Читај повеќе

Македонија денеска избира претседател: 7 имиња на гласачкото ливче

Читај повеќе