Јовески: Обвинителите и судиите треба да бидат со интегритет

Скопје, 15 јули 2019 (МИА) – Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на денешната прес-конфернеција на новинарско прашање за неговиот став за ветинг во судството, одговори дека поддржува таква постапка и истакна дека правосудството и судиите треба да се подложат на некоја проверка.

„Да бидам сосема на чисто, поддржувам таков процес, во кој во рамките на обвинителството и судството ќе останат чесните, ќе останат тие што се борат за правдата, тие што имаат неселективна примена на законот, јавни обвинители и судии со свој интегритет“, нагласи Јовески.

Рече дека сите забележале што се случило со последната одлука во делот на противправното градење, односно како Судот ја толкува таа одредба.

„Мислам дека на такви судии не им е местото во правосудството и веројатно Судскиот совет ќе треба по соодветна постапка да го испита тој дел. Јас после објавувањето на пресудата барав и судска пракса. Судската пракса во однос на овие кривични дела е сосема јасна, таму не се бараат ниту записници од инспектори, ниту дали некој пријавил, доволно е лицето да отпочне да гради без одобрение за градба“, потенцираше главниот јавен обвинител.

Во врска со оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Јовески наведе дека оставката е нејзин личен чин, посочувајќи дека нема што понатаму да коментира.

На новинарското прашање дали Обвинителството има сознание од каде му се „бомбите“ на објавувачот со псевдоним „Ел Чека“, Јовески одговори дека немаат информации.

„Во врска со тој случај, како што е познато, во Основниот суд-Кичево е доставен обвинителен предлог за објавувањето на ‘бомбите’, но Обвинителството се уште го истражува случајот во врска со понатамошно објавување материјали од преслушувани разговори“, појасни обвинителот.

реклама

Македонија

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Read more

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Read more

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Read more

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе