Јовески: Парите во „Рекет“ се дадени во готовина во два наврата

Скопје, 22 јули 2019 (МИА) –  Парите се дадени во готовина во два наврата. Обвинителството уште во предистражната постапка ги утврди начинот и сметките од кои се обезбедени парите. За да не се наштети на постапката, други детали не би откривал, вели републичкиот јавен обвинител, Љубомир Јовески во врска со случајот „Рекет“.

Во интервју за „Независен весник“ тој посочува дека никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден.

На прашањето дали истрага за рекетот што го изнудувале двајцата осомничени, Бојан Јовановски и Зоран Милески, ќе биде проширена и ќе опфати пратеници и обвинители, или можеби некои други личности, Јовески вели дека истрагата ќе се прошири за сите инволвирани лица во конкретниот случај, како и за други кривични дела доколку се дојде до такви докази.

-Во овој момент не може да се каже дали ќе бидат опфатени пратеници, обвинители или други личности. Постапуваме неселективно и делото ќе го истражиме и расветлиме целосно и сеопфатно. Никој што сторил кривично дело нема да биде поштеден, истакнува државниот јавен обвинител.

На прашање дали сведокот дал 1,5 милиони евра за да биде прекината постапката, а со тоа го прекршил законот и како може тој да не биде дел од одговорните за овој случај, затоа што е јасна неговата намера со тие пари да поткупи обвинители, Јовески вели дека Обвинителството ќе истражува дали целта била да се поткупат обвинители или само да се искористи влијанието на првоосомничениот врз јавен обвинител.

-Лицето за кое прашувате е подносител на кривичната пријава и е сведок во овој предмет. Околностите што се земаат предвид согласно со законот се однесуваат само за овој предмет. Лицето за други кривични дела во други постапки може да се јави и во друго својство, зависно од инволвираноста и учеството што го имал во кривичноправните настани. За да се стимулира откривањето на овие кривични дела, законодавецот предвидел олеснување на положбата на лицето, кое ќе го пријави кривичното дело, но повторувам само за тој кривичноправен настан. Овој кривичен предмет воопшто не влијае врз одговорноста на сведокот во предметот „Империја“, кој го води СЈО, истакнува Јовески.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more

Приватните специјализанти на протест пред Министерството за здравство

Read more
 

Вести

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Читај повеќе

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Читај повеќе

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Читај повеќе
  • play_arrow

Објавено аудио за херојот од Балтимор: Веднаш блокирајте го сообраќајот на мостот

Читај повеќе